На првиот ден од Зимските олимписки игри во Сочи најмногу се радуваа натпреварувачите од Норвешка, Холандија и Канада.
Норвежаните освоија вкупно четири медали (два златни и по еден сребрен и бронзен), а помеѓу нив е и Оле Ејнар Бјорндален.
40-годишниот биатлонист е најуспешен спортист во историјата Олимписките игри со вкупно 12 медали од кои седум се златни. Последниот го освои на првиот ден од ЗОИ во Сочи со триумфот на 10-километарскиот спринт.
Со злато се закити и Норвежанката Марит Бјерген која си ја одбрани титулата во ски трчање на 15 километри и го освои своето четврто олимписко злато.
Ретка доминација на една земја се случи во дисциплината брзо лизгање на пет километри каде Холандија ги освои сите три медали. Свен Крамер си го одбрани златото, а зад него беа Јан Блокхуисен и Јорит Бергсма.
Сејџ Костенбург од САД беше најдобар во сноуборд дисциплината слоупстајл, а во слободно скијање славеше Жастон Дуфур-Лапинт од Канада пред нејзината сестра Клои.