Најемотивните Олимпијци

Со 36 години Боди Милер стана најстариот освојувач на олимписки медал во историјата на алпското скијање, но за време на интервјуто тој имаше многу поголема причина за неговата емотивна реакција. Еве кој друг не успеа да ги задржи солзите во Сочи.

Американецот Боди Милер го освои бронзениот медал во супервелеслалом, а победата му ја посвети на својот брат кој почина пред една година, а инаку требал да биде со него во Сочи и да се натпреварува во сноуборд. За неговата реакција критикувана беше и новинарката на Ен-Би-Си со образложение дека не требала да му ги постави тие прашања.

По три учества на Олимписките игри и освоени четири медали од кои две злата, солза пушти и Германката Андреа Хенкел. Натпреварите во биатлон во Сочи за неа ќе бидат последни.

Солзи радосници се појавија кај Британката Елизабет Јарнолд која го освои златото во скелетон, прво за својата земја во оваа дисциплина.

До два златни медали во истата дисциплина стигна емотивниот Швајцарец, Дарио Колоња.

23 годишниот Французин Флорент Амодио плачеше од мака затоа што не успеа да си го оствари сонот со барем еден медал.

Јустина Ковалчик од Полска е шампионка во крос кантри. По трите златни медали во Ванкувер 2010, еве како реагираше откако ја освои трката во Сочи на 10 км.

19 годишниот Хануи Јузуру од Јапонија е новиот шампион во уметничко лизгање. Откако се молеше додека ги чека резултатите се расплака.

Во друштво на емотивците е и Ивица Костелиќ кој стигна до сребрен медал во комбиниција, а тоа е негов четврти на Олимпијадите.

19 февруари 2014 - 16:17