БЛ 12-то коло (прв ден)

Montenegro загуби од UNIQA во дербито на колото

Започнаа натпреварите од 12-то коло во Бизнис Лигата на Македонија, а веднаш на стартот UNIQA во дербито на колото славеше против Montenegro.

Гранит со брилијантна игра до победа над Оилко
Гранит 2-9 (1-6) Оилко
Гранит: Кире Павловски 7', 36'
Оилко: Пепи Мицев 6', 17', Ивица Димишковски 6', 28', 40', Дарко Стојановски 9', 17', 38', Кире Атанасовски 18'
Одлична рола на екипата на Гранит против Оилко. И во двете полувремиња Гранит прикажа брилијантна игра, пред се во нападот, кој беше доста течен со многу изгледни шанси за гол. Кај екипата на Оилко беше воочлив пад на концентрацијата, што допринесе да го изгубат овој натпревар со 2-9. Полувреме 1-6.

АМСМ го загуби натпреварот против Лукоил во самиот финиш
АМСМ 4-5 (1-1) Лукоил
АМСМ: Душко Тодоровски 14', Ивица Аврамовиќ 22', 26', Александар Миновски 36'
Лукоил: Игор Дамјаноски 6', Владимир Секулоски 24', 37', Борче Василев 27', Дејан Зиков 31'
Исклучително неизвесно прво полувреме во кое и двете екипи не потклекнаа на притисокот и држеа висок ритам во играта, особено во одбраната, што може да видиме и по резултатот на полувремето 1-1. Во второто полувреме екипата на Лукоил стекна минимална предност на самиот старт, но набргу потоа АМСМ целосно се врати во натпреварот и на само 2 минути до крајот преку Александар Миновски го изедначи резултатот. Но, се чини дека АМСМ немаше доволно сили да го зачува овој резултат па го загуби овој натпревар со 4-5.

Montenegro загуби од UNIQA во дербито на колото
Montenegro 2-6 (2-1) UNIQA
Montenegro: Горан Новакоски 8', Даниел Настевски 15'
UNIQA: Арбен Бајрами 11', Арбен Нухиу 27', 28', 29', 39', Влатко Деспотовски 36'
Натпревар каков што гледачите во салата на Борис Трајковски само можеа да посакаат. Дербито на ова коло се одигра во знакот на фер плеј со одлична игра и на двете страни. И двете екипи покажаа дека се претенденти за првото место во Лигата. Се играше одличен фудбал во кој екипата на UNIQA во второто полувреме пред се преку расположениот Арбен Нухиу кој за 3 минути постигна 3 гола, го сврте овој натпревар во своја полза и го доби со 2-6.

10 март 2014 - 23:02