Фудбал

Викенд на комични автоголови

Викендов на фудбалските терени низ целиот свет беа постигнати стотици прекрасни голови, но и повеќе комични автоголови. Ова се дел од нив.

МК Донс - Вимблдон: најголемото ривалство во Англија

Викендов во Европа се одиграа повеќе интересни дерби натпревари, но вниманието на фудбалската јавност го привлече и натпревар помеѓу најголемите англиски ривали кои играат во трета и четврта лига и никогаш во историјата не одиграле натпревар помеѓу себе.

Плукачко дерби на Мадрид

Како што и се очекуваше, натпреварот помеѓу мадридските ривали имаше и неколку нефудбалски моменти, а најжесток, односно најсочен беше дуелот помеѓу Серхио Рамос и Диего Коста.

Милер Vs. Меси

Пред Лионел Меси викендов да постигне уште два гола и да се доближи на само еден гол до рекордот на Герд Милер, магазинот FourFourTwo направи споредба на нивните успеси.

ФИФА се посрамоти со извлекувањето

Генералниот секретар на ФИФА успеа да направи хаос на едноставно извлекување на две групи со по 4 репрезентации за Купот на Конфедерации што следната година ќе се одржи во Бразил.

Ван Перси како Торес

Робин Ван Перси моментално се наоѓа во топ форма, но на натпреварот против Рединг не успеа да реализира од ситуација каде што редовно промашува Торес во неговите „најдобри“ денови.

Голови на неделата

Уживајте во изборот на TVGOLO за најдобрите 10 голови од изминатата недела.

Пирло не е ни во најдобрите пет

И покрај тоа што многумина сметаа дека Андреа Пирло е еден од главните кандидате за да се најде помеѓу тројцата финалисти во изборот за Златната топка на ФИФА, тој не е ниту помеѓу најдобрите 5. Зад Роналдо, Иниеста и Меси се Чави и Фалксо.

Психијатар ќе го оправа Ливерпул

Брендан Роџерс има ново засилување. Тој не е фудбалер, туку психијатарот Стив Питерс кој е заслужен за успесите на британските велосипедисти и сега ќе треба ментално да ги среди и фудбалерите на Ливерпул.

Раѓањето на интернационалниот фудбал

Аргентина, Уругвај, Австрија, Унгарија, Белгија, Франција, Холандија, Данска, Германија и Шведска го имаа своето интернационално деби во првата декада од 20-от век, но интернационалниот фудбал веќе беше стар 30 години. На денешен ден пред 140 години Шкотска ја пречека Англија.

Роналдо, Иниеста и Меси во трка за Златната топка

Трката за Златната топка на ФИФА влезе во финалната фаза. На денешната прес конференција во Сао Паоло, беа соопштени имињата на тројцата фудбалери кои ќе се борат за "Ballon d'Or". Тоа се Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста и Лионел Меси.

Секси менаџери

Еве еден предлог новогодишен подарок за понежната половина. Сигурно сите би сакале на својот ѕид да имаат календар за 2013-та година со познати фудбалски тренери во секси издание.

Ве молам вратете ми ги копачките

Фудбалерот Мфанификиле Нѕиманѕе преку локалниот печат во Свазиленд побара да му ги вратат копачките кои ги загубил додека бегал од побеснетите навивачи по пораз на неговиот тим.

Штрбавиот Крауч

Питер Крауч даде поддршка на Movember, но брковите не му помогнаа при вчерашниот дуел со Фабрицио Колочини. Тој загуби два заба, а уште еден му е навлезен во вилицата и деновиве треба да подлегне на хируршки зафат.

113 години ФК Барселона

На денешен ден во 1899-та година Жоан Гампер и група на швајцарски, англиски и шпански фудбалери го оформија еден од најуспешните шпански и европски фудбалски клубови.

Нокаут автогол на Бејл

Тамам пишавме дека го имаме автоголот на годината и веднаш не демантираа. И тоа не било кој, туку Герет Бејл со нокаут-автогол на натпреварот против Ливерпул.

Голчиштето на Рами од пола терен

Валенсија го победи третолигашот Љагостера во рамките на шпанскиот куп со 3:1, а голот на вечерта го постигна Адил Рами кој го совлада противничкиот голман со удар од 50 метри.

Тагата на Барселона

Во новата книга на официјалниот клупски фотограф, Мигуел Руиз, се објавени до сега неприкажани фотографии од фудбалерите на Барселона по елиминацијата од Челси во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Во Каљари нема седиште со број 17

Ако случајно одите на натпревар во Италија на реновираниот стадион на Каљари, немојте да се збуните ако не можете да го најдете седиштето со број 17. На стадионот Ис Аренас во Каљари такво седиште не постои.

Клизачи од полиција

За овој лизгачки старт од зад грб со две нозе судијата не покажа црвен картон. Нормално, затоа што се работи за старт од полицаец над навивач кој влета во терен за време на натпревар од израелското првенство помеѓу Макаби Хаифа и Беитар Ерусалим.

Бернандинецот кој го спаси Манчестер Јунајтед

Спортските клубови во минатото имале живи маскоти, а една од нив и тоа како ја промени историјата на еден од најславните фудбалски клубови. Да не беше бернендинецот Мејџор, можеби денес немаше да постои Манчестер Јунајтед.

По стапките на тато Георге

Јанис Хаџи, син на легендарниот романски фудбалер со македонско потекло, Георге Хаџи постигна прекрасен гол за репрезентацијата за фудбалери до 15 години на натпреварот против Турција.

Кога судиите ќе возвратат

Во повеќето земји судиите страдаат од хулигани, но во Тринидад и Тобаго полицијата го спасуваше навивачот кој се обиде да го нападне помошниот судија.

Златан да те згрее

Додаваме уште еден предлог на нашата листа за новогодишни подароци. Тоа е џемперот инспириран од Златан Ибрахимовиќ кој го изработи една американска уметничка за нејзината изложба во Малме. Сигурно добро ќе му стои на „другар му" Гвардиола.