Фудбал

Осврт на прво коло од Бизнис лигата

Во првото коло на Бизнис Лигата на Македонија се одиграа доста возбудливи натпревари, што може и да се види по резултатите кои беа доста тесни, а победникот се одлучуваше буквално во последната минута од натпреварот.

Навивачка војна во Софија

Се’ започна во четвртокот ноќта, кога Хрвати од Франкфурт биле нападнати од навивачи на ЦСКА, кои им одземале неколку знамиња. Во петокот, пред и за време на натпреварот, бугарската полиција имаше многу работа. Од една страна Торцида, БББ, Кохорта и Армада, а од друга страна навивачите на Локомотив Пловдив, Ботев и ЦСКА Софија.

Хрватска подобра од Бугарија, Кијелини од трагичар до играч на натпревар

Во втората од трите вечери на квалификациски фудбал за ЕП 2016, Холандија и Италија потешко од очекувањата славеа против аутсајдерите. Турција поразена на домашен терен од Чешка, убедливи триумфи на Белгија и Норвешка.

Кога Рекоба му го украде славјето на Роналдо

Сезона 1997/1998, прво коло во Серија А: Интер - Бреша. Милиони Италијанци очекуваа блесок на Роналдо уште на дебито кој дојде од Барселона за 48 милијарди лири (околу 30 милиони евра). Поведе Бреша со голот на Дарио Хубнер, а во последните 20 минути дебитираше и 21 годишниот Алваро Рекоба.

Уличарот од Франција кој стана „Топџија“

За Премиер лигата често пати се врзуваат интересни вести, како на пример денешната со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Тајлер Блекет кој доби 24 пати поголема плата или онаа со Французинот кој пред години живеел на улица, а сега игра за Арсенал.

Како Џо Харт му бранеше на Сан Марино

Англичаните синоќа си имаа работа со најслабата репрезентација на планетава, па одлучија да си прогласат и најдобар играч на мечот.

Сампдорија со одбрана на ниво на Барса

Харизмата на Масимо Фереро, претседателот на Сампдорија, се пренесе и на тимот, кој во 6 кола од Серија A нема пораз, а прими само два гола. „Блучеркијати“ се најмладата екипа во европските ТОП5 првенства.

Голман или боксер во Босна?

Ако дели тупаници за жолт картон, кој знае што ќе направи второлигашкиот голман Ромео Митровиќ ако заработи директен црвен картон. 

Јунајтед го наградува девојчето што не ја сака бојата на Сити

Малечката Лили не сакаше да облече син џемпер за во школо, затоа што навивала за Манчестер Јунајтед а не за Сити. Нејзиното плачење се слушна до „Олд Трафорд“ од каде ѝ рекоа да не се грижи, затоа што ќе ѝ пратат син дрес од Јунајтед (третата варијанта на дресови на „црвените ѓаволи“).

И Марк Шварцер распали по ФИФА и Сеп Блатер

Австралискиот голман од Челси отворено ги нападна луѓето што се одговорни за организација на Светско првенство во Катар 2022 за кои вели дека мува не ги лази што ќе се игра фудбал на 50 степени во Катар.

Шпанија поразена во Братислава, реми на Русија и Шведска

Во нашата квалификациона група, Шпанија загуби од Словачка (2:1), а Украина славеше против Белорусија на гости (0:2). Во дербито на вечерта, Шведска и Русија ги поделија бодовите (1:1). Англија очекувано убедлива против Сан Марино (5:0), а Црна Гора неочекувано слаба во Лихтеншајн (0:0).

Џокерот Абдурахими во 92 минута и донесе победа на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со многу маки стигна до прва победа во новиот квалификациски циклус и тоа со пресврт против аутсајдерот Луксембург од 3:2.

Бразилски фудбалери ќе газат боси на стакло за да не испаднат од лига

Знаеме дека скроз ви е чуден насловот, ама ние не го измисливме. Второлигаши од Бразил се наоѓаат во депресија и побараа помош од хипнотизер.

Сте виделе ли поупорен фудбалер?

Николас Алтамарино е едно жилаво и упорно дете од Чиле, кое запна како ова да му е последен напад во кариерата. По оваа чудесна акција успеа и гол да даде, ама на крај едвај собра душа за да стане.

Вселенскиот стадион на Олимпик Марсеј

Стариот лик на легендарниот „Велодром" ќе остане само на фотографиите, затоа што во Марсеј се спрема „спејс шатл" за потребите на ЕВРО 2016.

Силувачот Еванс пак ќе игра фудбал

И покрај петицијата потпишана од 90 илјади жители на Шефилд кој се противат на неговото реактивирање во фудбалот, Чед Еванс доби дозвола од англиските власти да ја продолжи професионалната кариера.

Сан Марино со двајца фудбалери ќе патува на Вембли

Откако ќе ги видите податоците и успесите на најслабата фудбалска репрезентација во свет ви доаѓа да им закажете една партија во маало.

10 години од дебито на Лео Меси во Примера

На 11 години Лионел прв пат стапнува во Каталонија, а од целиот свет Барселона е избрана само затоа што таму Меси има роднини. Значително поситен од сите останати, талентот на Меси го препознава само спортскиот директор на Барса, Карлос Рексач. Веднаш потпишува договор со малиот Меси, во ресторан на парче салфетка.

Адеми: Имаме шанси за ЕУРО 2016, инаку не би се собирале да играме

Фудбалерот кој хрватската спортска јавност го гледаше како предводник на младите, се одлучи да го соблече „коцкестиот“ дрес и да го прифати повикот на Бошко Ѓуровски. Хрватот роден во Шибеник, со македонски корени вечерва ќе дебитира против Луксембург и ќе заигра со неговиот братучед, Агим Ибраими.

Шпанија стравува од Ебола поради петмина фудбалери

Првиот случај на опасниот вирус во Европа е откриен кај шпанска медицинска сестра, а настапите на фудбалерите кои деновиве ќе играат квалификациски натпревари за Африканскиот куп на нации уште повеќе ја креваат паниката.

Роналдињо гостите ги мава со топка во глава

Во телевизиско шоу кое се одржа во дворот на Роналдињо, неколку кандидати се обидоа да го поминат базенот и да ги избегнат ударите на домаќинот. Еден успеа, а другиот ја попи во глава.

Обновената врска меѓу Манчестер Јунајтед и Аргентина

Иако Алекс Фергусон немаше високо мислење за аргентинските фудбалери, на „Олд Трафорд" во моментов клучни играчи се Анхел Ди Марија и Маркос Рохо кои летово дојдоа во Манчестер.

Вест која нема да му се допадне на Роналдо

Фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид треба да се молат Меси да не постигне три гола на наредните два меча, инаку ќе треба да му аплаудираат.