Стефан Мбија, Раул Лое, Фабрис Ондоа, Лас Бангура и Чедрик Мабвати за време на паузата во шпанското првенство, на 11 и 15 октомври имаат репрезентативни обврски со своите селекции во Африка, a тоа внесува паника во Шпанија бидејќи по неколку дена ќе се вратат во нивните клубови.
Најпогодени земји од смртоносниот вирус се Сиера Леоне и Гвинеја, чии репрезентации играат по два натпревари, Сиера Леоне против Камерун, а Гвинеја се среќава со Гана.
За Камерун настапуваат Мбиа од Севиља, Лео од Осасуна и Ондоа од Б тимот на Барселона. Но со оглед на тоа што опасноста од еболата е голема во оваа земја, донесена е одлука и на двата меча домаќин да биде Камерун.
Дел од средбата помеѓу Гвинеја и Гана ќе биде фудбалерот на Рајо Ваљакано Лас Бангура, но неговата земја е погодена од вирусот чиј епицентар е Западна Африка, така што селекцијата на Гвинеја наместо пред своите навивачи првиот меч ќе го игра во Мароко.
Крилниот напаѓач на Осасуна Чедрик Мабвати кој го носи дресот на Демократска Република Конго го очекува двомеч против Брегот на Слоновата Коска, но во неговата земја исто така има појава од ебола, а тоа значи дека да може да играат на домашен терен.