Шпанија поразена во Братислава, реми на Русија и Шведска

Во нашата квалификациона група, Шпанија загуби од Словачка (2:1), а Украина славеше против Белорусија на гости (0:2). Во дербито на вечерта, Шведска и Русија ги поделија бодовите (1:1). Англија очекувано убедлива против Сан Марино (5:0), а Црна Гора неочекувано слаба во Лихтеншајн (0:0).

ГРУПА Ц
Словачка - Шпанија 2:1

/Кучка 17’, Штох 87’ -  Пако Алкасер 82’/

Белорусија - Украина 0:2
Мартинович 82', Сидорчук 90'+3

 

ГРУПА Е
Англија - Сан Марино 5:0

/Јагиелка 25', Руни 43', Велбек 49', Таузен 72', Дела Вале 78' (аг)

Литванија - Естонија 1:0
Миколиунас 76` 

Словенија - Швајцарија 1:0
Новаковиќ 78' (пенал)

 

ГРУПА Г
Шведска - Русија 1:1
/Тоивонен 49’ - Кокорин 10’/

Молдавија - Австрија 1:2
Дедов 27' (пенал) - Алаба 12' (пенал) Јанко 51'

Лихтенштајн - Црна Гора 0:0 

9 октомври 2014 - 22:59