Реновирањето на Новиот Велодром, како што ќе се вика домот на францускиот клуб чини 236 милиони евра. Ќе има капацитет од 76.000 места и на него ќе се игра една од групите и 2 чевртфинални натпревари на ЕП за две години. Во меѓувреме, О. Марсеј се откажа од намерата да игра на стадионот во Монпеље (170 километри од Марсеј), каде би плаќал помалку отколку што плаќаат на Велодром, но таму ќе изостанеше поддршката од редовната публика. Управата одлучила клубот да остане на Велодром, но ќе плаќа 4 милиони евра годишна кирија на градските власти.