Фудбалерите на Португеса по 29 одиграни кола имаат само 3 победи и доколку не почнат веднаш да победуваат нема шанси да остана во второлигашкото бразилско друштво.
Тренерот изјави дека атмосферата во клубот е за никаде и дека чувствуваат огромен притисок на 10 кола до крај. На помош го викнаа хипнотизерот Олимар Тесер.
„Не сакам да пропуштам ниту една добра можност. Знам што сè има направено со други луѓе и сакам да работи со моите играчи пред секој меч. Ќе има граници, бидејќи јас сум шефот и тој нема да ги поремети физички или психички“, изјави тренерот на екипата Вангер Бенаци.
Хипнотизерот објасни два медоти за играчите:
„Работам со луѓе, а потоа тоа се рефлектира на теренот. Ако можат да свиткаат железо со врат и да одат боси по стакло тогаш можат сè да направат на мечот. Две минути тренинг со хипнотизирање го има истиот ефект како 20 минути без тоа“, вели Тесер
На овој начин се обидел и англискиот клуб Глостер Сити во 1959-та