Јунајтед го наградува девојчето што не ја сака бојата на Сити
Малечката Лили не сакаше да облече син џемпер за во школо, затоа што навивала за Манчестер Јунајтед а не за Сити. Нејзиното плачење се слушна до „Олд Трафорд“ од каде ѝ рекоа да не се грижи, затоа што ќе ѝ пратат син дрес од Јунајтед (третата варијанта на дресови на „црвените ѓаволи“).