Своите компании до победа ги водеа Амел Скендеровиќ од TRANSMET , Ивица Јанковски кај екипата на Montenegro и Дејан Зиков од Лукоил кои беа најефикасни во прво коло со по дадени 4 погодоци.
Со хет-трик се истакна Арбен Нухиу кај екипата на UNIQA, како и најдобиот играч од клупа во ова коло Николче Дамјановски кој игра за Алкалоид.
За голман во прво коло е прогласен Марјан Цветковски кој брани за Лукоил, додека најдобар тренер е Никола Алексов кој го води Алкалоид. Тој е практично голман играч и со неготово влегување во второ полувреме, успеа да направи пресврт и да дојде до победата.
За екипа на првото коло е прогласена Montenegro.