Јаја Саного одел чекор по чекор во кариерата и се калел во сите младински селекции на Франција, а на клупско ниво почнал во Оксер, каде кога стапнал за прв па тренинг имал две желби.
„Кога му се приклучив на Оксер сакав да станам фудбалер и си реков во себе дека сакам да бидам најдобар во клубот. Го потпишав договорот, а откако бев повреден две години, ме пронајде Арсенал“.
Притисокот од јавноста врз него сега е поголем затоа што во ланската прва сезона на Емирати на 10 меча не постигна ниту еден гол во првенство, освен оние 4 во Купот Емирати.
„Го чувствувам притисокот од јавноста, но луѓето не треба да заборават дека пред три години живее на улица, а денес играм за Арсенал. Головите ќе си дојдат, но со напорна работа. Секогаш сум позитивен и кога ќе почнам да ги полнам мрежите, нема да престанам. Сè уште си немам поставено некоја цел, важно ми е само да играм и да се докажам“, изјави Саного.
Тоа и тешко ќе му оди бидејќи во Арсенал или некој им фрлил клетва на играчите или лекарите им се бош. 21 годишниот Јаја е меѓу малерите.