Фудбал

Бразилски репрезентативец казнет 1 година

Бразилскиот репрезентативец Фред е суспендиран на една година, откако паднал на допинг тест во јуни годинава за време на мечот од Копа Америка во Чиле, пренесува Newax.com.

Меси на првиот тренинг во Јапонија

Барселона се спрема за полуфинале против Гвангжу на Светското клупско првенство, а веќе на нивниот прв тренинг имаше многу забава за публиката.

Како да стигнеш од врвот до дното во дождливата Ибица

Необичната судбина и пороците ја однесоа низ вода кариерата на еден од најталентираните холандски фудбалери на почетокот на новиот милениум, Енди ван дер Мејде.

Атанас Костовски за есенската титула на ФК Вардар

На денешен ден пред точно 29 години со головите на Џипунов и Горачинов, Вардар славеше над Динамо Загреб со 2:0, победа која значеше презимување на врвот на табелата во југословенската прва лига, а на пролет и прва историска титула. Имаме легендарно парче за гледање.

Македонците растурија викендов

Викендот зад нас помина одлично за македонските репрезентативци. Прецизни беа Несторовски кој е прв стрелец во Хрватска, Трајковски во Италија, Агим Ибраими во Словенија, Бабунски во Шпанија.

Што велат легендите на Јунајтед за денешен Јунајтед?

Неколку легенди на Манчестер Јунајтед од ерата на Сер Алекс Фергусон отворено зборуваа за очајната состојба во екипата под водство на холандскиот стратег.

Во ждребот за ЛШ се појави и Манчестер Јунајтед

За навивачите на Манчестер Јунајтед, Лигата на Европа не е ниво. Кога нивниот клуб го направи лудиот пресврт против Баерн Минхен во 1999-та и ја освои титулата во ЛШ, истата година се оформи Митјиланд, противник кој денеска го добија во нокаут фазата од ЛЕ. Се појави тазе пародија на сметка на Црвените ѓаволи.

Дортмунд против Порто, Клоп се враќа во Германија

Во Нион попладнево, по ждрепката за ЛШ, се извлекоа и двојките за второто по ранг натпреварување на УЕФА. 32 екипи останаа во Лигата на Европа, од кои 24 дојдоа преку групната фаза, а другите по испаѓањето од Лигата на шампионите.

Барса против Арсенал, Рома оди на Реал Мадрид

Денешната ждрепка за ЛШ во Нион донесе неколку мега дерби дуели кои ќе се играат во вториот месец од следната година.

Карас е најново засилување во македонска репрезентација

За физичката подготвеност на македонските фудбалери од сега ќе се грижи Иван Јовановски – Карас, кој е назначен за нов кондиционен тренер. 

9 напаѓачи кои туристички беа во Интер

На миланскиот клуб во моментов му оди добро, лидер е во Серија А и сериозно го напаѓа Скудетото и во таква ситуација ретко кој се сеќава на напаѓачите кои во Интер беа само како туристи и одиграа споредна улога.

Што значи бод за Клоп во 96 минута

Дивок Ориџи го спаси Ливерпул од пораз против ВБА откако постигна гол во шестата минута од судиското продолжение за конечни 2:2. Кога нема победник на терен, обично нема ни славје, но кога е во прашање Јирген Клоп тоа не важи. Некои сметаат дека вакви моменти се добри за билдање на атмосферата, а други се чудат.

Ѓуровски повторно стрелец на Тајланд

Македонскиот фудбалер продолжува со одличните настапи во Азија, каде попладнево го постигна 15-от лигашки гол за неговиот тим во ремито со Након.

Балотели: Едвај чекам ЕП, Конте: Каде, на ТВ?

Фудбалерот на Милан, Балотели после ждрепката за ЕП 2016, на друштвената мрежа Инстаграм постираше фотографија под која напиша: „Едвај чекам".

Еврогол на Трајковски за Палермо, Газета го фали

По голот во Купот на Италија, македонскиот репрезентативец Алек Трајковски го постигна и првиот гол во Серија А за Палермо. Во триумфот од 4-1 против Фрозиноне, Трајковски го даде третиот гол.

Хрватска против Шпанија, Русија на Англија

Од 10. јуни до 10. јули следната година, 24 репрезентации ќе се борат за пехарот на 15. издание на Европското фудбалско првенство.

Наградниот фонд за ЕП 2016 е 27 милиони евра

Секоја селекција која се пласираше на Европското ќе добие по 8 милиони евра, а наградниот фонд за турнирот во Франција е далеку поголем од сите претходни.

Мурињо: Следниве играчи ме разочараа

Неколку пати сезонава, Жозе Мурињо одбиваше отворено да зборува за тоа од кои фудбалери не е задоволен, но пред дербито со Лестер ги откри имињата. Дали тактички за да ги размрда или поради нешто друго ќе покаже дуелот со Лестер.

Најлошо изведените 10 пенали

Неуспешни паненки, гаѓање чавки и уште неколку пацери од белата точка. Ги има и Деј Пјеро и Пирес.

Кој колку потроши последниве 20 години во фудбалот

Осум екипи во конкуренција на најсилите 4 лиги во Европа ја поминале границата од над милијарда евра за купување на играчи. Тоа се Реал Мадрид, Барселона, Челси, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед,, Ливерпул, Интер и Јувентус. Сандерленд е поголем трошаџија од Борусија Дортмунд, Шалке и Наполи.

Голманско трчи лажи

По неверојатните сцени со голманот на Аугзбург кој копаше дупка на пеналтикот за што го очекува обвинение, најдовме слични голмански трикови со кои се хипнотизираа пеналџиите.

Најубавиот гол во Лига Европа

Братот на попознатиот Џовани дос Сантос, Џонатан го постигна најефектниот гол на колото во Лигата на Европа синоќа. Неговиот Виљареал одигра 3:3 против Плзен во Чешка и оди понатаму во следната фаза.

Марсеј - Контраст на нации, вери и славен фудбалски клуб

Кога на едно место ќе се спојат источната и западната култура се добива контраст од многу нешта. Марсеј е градот кој живее за Олимпик, некогашниот европски шампион и град кој ќе пречека една групна фаза од ЕП 2016.

Најголемиот фраер меѓу голманите

Тоа што се решил целата фудбалска кариера да ја мине меѓу статитиве, не значи дека не му дозволува да мрдне од таму, особено кога решава да реши натпревар.