Освен ефектниот гол на Александар Трајковски за Палермо и двата на редовниот стрелец Марио Ѓуровски на Тајланд, селекторот Ангеловски може да биде задоволен и од формата на другите стандардни или повремени репрезентативци.
Илија Несторовски го одигра целиот меч за неговиот Интер Запрешиќ во Првата хрватска лига и постигна два гола. 25-годишниот напаѓач од Прилеп, стрелаше во 54’ и 57’ минута од мечот (од пенал), а промаши и пенал за хет-трик. На крајот конечни Интер Запрешиќ - Загреб 2-2 и вкупно 13 голови за Македонецот во хрватската лига:
Стандардно добар беше и Агим Ибраими. Во победата од 0:5 на Марибор против Копер на гости, напаѓачот на Македонија постигна два гола:
Својот раскошен талент уште еднаш го потврди и Дориан Бабунски за шпанска Фуенлабрад која игра на стадионот „Фернандо Торес“:
Со помал или поголем успех викендов за своите клубови играа уште и: Горан Пандев (Џенова), Никола Јакимовски (Комо), Ванче Шиков (Австрија Виена), Стефан Ристовски и Леонард Жута(Ријека), Иван Тричковски (Легија Варшава), Александар Тодоровски (Заглебје Лубин), Даниел Мојсов (Адана Демирспор), Енис Барди (Ујпешт), Остоја Стјепановиќ и Даниел Аврамовски (ОФК Београд), Даниел Ѓеоргиевски (Мелбурн Виктори), Урош Матиќ (НАЦ Бреда), Мартин Богатинов (голман, Етникос Ахнас), Бојан Марковски (Аја Напа), Един Нурединовски (Арис Лимасол), Дарко Тасевски (Бангкок Глас), Зоран Балдовалиев (Локомотив Пловдив).