Јовановски е новото име во стручниот штаб на селекцијата на Македонија предводена од Игор Ангеловски, на која претходно и се приклучија Арѓент Бекири и Ока Николов.
Тој беше дел од првата историска титула со тимот на Лудогорец кој го освои бугарското првенство во сезоната 2011/2012, а претходно работеше во ЦСКА Софија, Македонија ЃП, Цементарница, Работнички и Металург.
Од Бугарија се пресели во Азербејџан каде собра ново меѓународно искуство како кондиционен тренер во Интер Баку, а таму се грижеше за кондицијата и на поранешните македонски репрезентативци Илчо Наумовски и Славчо Георгиевски.
Интервју со Јовановски правевме откако Лудогорец ја испи нова историја во бугарскиот фудбал. Му посакуваме многу подобри резултати од сегашните на Македонија.