Балотели во моментов е повреден, а во последните две сезони поактивен е на социјалните мрежи и по дискотеките, отколку на тренинзите и натпреварите. Речиси и да заборавивме кога последен пат дал гол на некој дуел.
Селекторот на Италија, Антонио Конте на конференцијата за новинари веднаш по ждрепката за Европското во Франција изјави:
„Што едвај чека? Да игра или да ги гледа натпреварите на телевизија? Тоа од него зависи, како и за сите други играчи. Од нивните настапи и однесување надвор од теренот зависи дали ќе бидат на Европското првенство“, рече Конте и ги засмеа присутните новинари.
Марио Балотели подоцна ја тргна фотографијата. Италија на ждрепката за ЕП во група ги доби Белгија, Шведска и Република Ирска што на Апенините се протолкува како исклучително тешка група со противници како Еден Азар, Златан Ибрахимовиќ, Кевин де Брујне и Кристијан Бентеке.
Групите за Европско тука.