Човекот со 2 титули во ЛШ и едно скудето во Серија А го пребродил тешкиот период од животот кога 4 години не знаел каде е киднапираниот, а подоцна убиен брат и стана најмоќен човек во грузиската енергетика.
Ако некогаш важеше за место на кое на противникот уште при доаѓањето со клупскиот автобус му се тресеа нозе, на стадионот на Манчестер Јунајтед денес владее театарска атмосфера во која комотно може да дремнете саат-два без некој да ве разбуди.
Сигурно некогаш сте се запрашале како би било сјајно оддеднаш да станете милионер, да живеете на Карибите и да станете сопственик на фудбалски тим. 58-годишен невработен Англичанец има многу да ви каже на таа тема.
Фудбалот како занимлива игра ги привлекува и радикалните исламисти, кои го играат и покрај тоа што велат дека е строго забранет затоа што „е ѓаволска работа од западот".
Синот на поранешната Златна топка со 15 години игра во ПСЖ У17 кои се прваци во Франција, а луѓето од стручниот штаб веќе му го дадоа епитетот „феномен“.
Сан Сиро или Џузепе Меаца се соочи со пораз во однос на привлекување публика во споредбата со театарот во Милано. Младите купиле повеќе годишни карти за театарски претстави отколку за фудбал.
Замислете го Раул се враќа во Реал Мадрид, станува прв шпиц и подобар од кога и да е. Нереално звучи, но таквиот пат успешно го оди ветеранот Ариц Адуриц во Билбао кој со 35 години чука на вратата на шпанската репрезентација.
Обвинителството од Неапол издаде наредба за запленување на имот во вредност од 12 милиони евра во истрагата која се води против околу 60 лица за затајување на данок и фалсификување на документи.
За време на мечот Севиља - Атлетико М. судиите го остранија тренерот на Андалузијците поради протести, но тоа не му сметаше да ѕирка од тунелот и да игра ѕе со играчите.
Фудбалерот кој ја доби најголемата казна за користење допинг во историјата на ФИФА, првпат после шокот отворено призна дека размислувал да ја прекине кариерата.
Гранатите во Втората Светска војна го натерале дедо му на Дибала од Полска спасот да го бара во Аргентина, земја во која во 1993. година ќе се роди малиот Јоја. По смртта на татко му решава да го исполни неговиот аманет еден од синовите да игра фудбал.
Ако некоја фудбалска влада размислува да ги зацврсти казните за недисциплинираните фудбалери, нека го погледне ова видео па можеби ќе добие идеја плус. И втора работа. Каде е полицијата?
Кевин никогаш не бил дел од младинска професионална академија, пред 4 години играл во аматерска лига, а вчера го замолчи Сан Сиро и го “искина“ тикетот на Мирјана за што најмногу ни е криво.
Поради проблеми со коленото Џузепе Роси сезонава одигра само четири натпревари за Фиорентина и среќата од овој месец повторно ќе ја бара во Шпанија. За Виљареал играше шест години, а сега оди на позајмица во Леванте на кој ќе му помага да не испадне во втора лига. Чичково не знаеше како да му се заблагодари од возбуда што дошол кај нив.
Беше човек со необична моќ, која во Италија се опишуваше преку една анегдота. Папата држел миса на плоштадот Свети Петар, кога едно дете низ гужвата ги прашало своите родители: Кој е оној човек со бела капа кој стои до господин Ањели?
Аргентинското „Суперкласико“ кое важи за едно од најжестоките дербија во светот ретко може во новинарските извештаи да помине само со опис за фудбалската игра. Лани петмина фудбалери на Ривер Плејт завршија во болница, а викендов петмина добија црвен картон.
Едните се ѕвезди на светско ниво, а другите се збунети деца на кои ќе им пукце срца од возбуда бидејќи до тогаш мислеле дека само ќе ги гледаат на ТВ и со нив ќе играат на Плејстејшн.
Палермо го декласираше Удинезе со 4:1, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна нов гол во Серија А, речиси идентичен како деби голот во Серија А против Фрозиноне.