Министер за енергетика Каха Каладзе

Човекот со 2 титули во ЛШ и едно скудето во Серија А го пребродил тешкиот период од животот кога 4 години не знаел каде е киднапираниот, а подоцна убиен брат и стана најмоќен човек во грузиската енергетика.

Професионалната фудбалска кариера на Кахабер Каладзе започнала рано, на 16 години. Играл пет сезони во Динамо Тбилиси со кој го освоил и грузиското првенство. Шампионската серија ја продолжил во Динамо Киев каде се радуваше на три титули во украинската лига, стигна до полуфиналето на ЛШ со неверојатниот состав на Украинците.

Во финалето на некогашниот Куп на Обединети земји (просторот на поранешен СССР) го постигна победничкиот гол за Динамо против Спартак Москва во 1998. година.
 
Во зимата 2001 година, 22-годишниот грузиски бек прејде во Милан и веднаш се вклопи во средината. Италијанците дадоа 16 милиони евра за универзалецот кој беше способен да игра на секоја позиција во одбраната. Со Милан Каха освои апсолутно сè, вклучувајќи две ЛШ и едно скудето.
 
Во 2001. година, брат му Леван бил киднапиран во Грузија и за негово ослободување барале 600.000 долари, но таа сума никогаш не е исплатена. На 6. мај 2005. година, полицијата нашла 8 безживотни тела во покраината Сванетија, а подоцна е потврдено дека еден од убиените е и братот на Кахабер. Со сопругата Анука го има синот Леван, крстен по трагично настраданиот брат на Каха Каладзе.

Во 2005. година го изгуби првотимскиот статус во Милан, тоа му засмета и беше на прагот да замине во Челси, но Сините се решија за Азиер Дел Орно.
 
После девет ипол години во Милан, мораше кариерата да ја продолжи во Џенова. Во 2012. година ѝ се придружи на новоформираната партија „Грузиски сон“ и набрзо стана заменик премиер и Министер за енергетика на Грузија. Раскрсти со фудбалот и инвестирал во енергетски компании каде стекнал многу познанства.
 
Опозицијата се бунела дека именувањето на Каладзе на чело на ова министерство е конфликт на интереси и дека поранешниот фудбалер ќе ја користи позицијата за своите фирми. Пред шест месеци, светот го виде грузискиот Министер за енергетика како лично се бори со последиците од страшните поплави во земјата поради кои загинале најмалку 12 лица.

Добротворната фондација Каладзе им помогала и на бегалците за време на конфликтот во Јужна Осетија. Овој фонд исто ги спонзорира и младите фудбалери во земјата.
 

На Супер Купот на УЕФА во Тбилиси 2015. година.