Дел од херојската генерација на Милан која под водство на Анчелоти освои два трофеи во ЛШ беше и бекот Каха Каладзе. На меч против Верона Грузиецот одлепи со две врхунски асистенции до Инѕаги и Пирло. Просто да не ти верува, мислиш Кака е ова или Руи Коста.
Легендарниот Грузиец кој долги години играше за Милан е избран за прв татко на главниот град на Грузија. За него гласале 51% од гласачите а Каха веќе беше во политиката во неколку ресори.
Кога се изведувале пеналите против Јувентус во финалето на ЛШ 2003, Гатузо се молел да завршат пред него кој бил осми по ред за изведување. На Светското во Германија докторот за допинг чекал два и пол часа Гатузо да даде урина, затоа што бил уморен.
Човекот со 2 титули во ЛШ и едно скудето во Серија А го пребродил тешкиот период од животот кога 4 години не знаел каде е киднапираниот, а подоцна убиен брат и стана најмоќен човек во грузиската енергетика.