Читанка

„Етнологот како писател:писателот како етнолог“ - зборник студентски дела

Сантјаго во „Старецот и морето“ на Хемингвеј е кубански рибар, кој цели три дена се бори со голема риба на отворено море. Нивниот дуел стана антологиски книжевен симбол на човечкиот нагон за преживување и соочување со животните премрежја.

***
Баба Нада е првата рибарка од Охрид. Цел живот влечела мрежи низ езерото, ловејќи белвици, пастрмки, крапови. Изгледала три деца, рано останувајќи вдовица. Никогаш не научила да плива, оти ѝ било срам да се слече по кошула.

„Пандемија!“ од Славој Жижек

Има едно непишано правило во општествените науки кое подразбира дека за нешто упатено да се коментира е потребна барем мала историска, а со тоа и критичка дистанца. Особено ако станува збор за нешто толку сеобземачко и омниопседнувачко како тековната пандемија. И особено ако амбицијата е да се пишува не фејсбук пост, не колумна или статија, туку книга. Но ова „правило“ не важи и за Жижек.

„Мочурливци“ од Барбара Симонити (и интервју со преведувачот)

Знаете што се „музги“? А „гаталинка“? Оваа книга во голема мера е на „странски“ јазик - заборавениот јазик на мочуриштата, пониквите и валугите. 

„Шрапнел“ од Игор Анѓелков

„Знам дека ми ги читаше претходните книги, некои ти се допаднаа повеќе, некои помалку, но оваа, по седум години пауза, сметам дека ми е поместување од досегашната издадена проза.“

„Прво лице еднина“, или животот на Лилијана Лунгина

Kнига во која низ усни сведоштва една 77-годишна жена - преведувачка на руски на дела од француската и скандинавската книжевност - ја раскажува целата историја на рускиот 20 век. И покрај мрачните времиња за кои станува збор, нејзиниот заклучок е: животот е безумен, но истовремено и прекрасен.

„50 раскази (избор од 10 збирки раскази)“ од Жил Менар

Ако доволно долго се загледате во корицата на оваа книга, правите линии на орнаментот почнуваат да ви играат пред очи и да се свиваат како змиички или како тело на ориентална танчарка. Ако паузирате па го погледнете со свежи очи, таму има де ромб кој голтнал друг помал, де две половинки од квадратни лавиринти, во кои е тешко да се влезе, но веројатно уште потешко да се излезе. На трето гледање веројатно ќе видите и уште нешто - лик кој се појавува во заднината и благо се кикоти.

„Боговите од небесата“ или приказната за антрополозите кои го променија 20 век

Либералите на денешнината често забораваат дека и пред нив некој се залагал за истите ставови - антирасизам, родова еднаквост, сексуални слободи - но во време кога тоа било многу потешко. Меѓу нив една група американски антрополози ја воспоставиле основата на тоа како и денес се гледа на човечките сличности и разлики.

„Били Бад морнар“ од Херман Мелвил

Оваа година се навршува еден век од случајното, постхумно пронаоѓање на новелата на Мелвил. Исто толку долго трае и анализата на ова дело, како студија на човечката завист и суета од една, и благословената наивност од друга страна. Сега го имаме и на македонски.

„Златната средина“ од Анабел Лајон

Oписот на оваа книга - дека станува збор за роман за Аристотел и Александар - може да наведе на погрешна асоцијација, дека станува збор за класичен историски роман, со „здрвени“ ликови, (зло)употребени за некаква навивачка верзија на историјата. Оваа книга е токму спротивното, топла и интимна приказна за две човечки суштества, на различни страни од златната средина.

„Оружјата на критичкиот родител“ од Станислав Петковски - Сашо

„Голем залак касни, тежок збор не кажи“, гласи народната мудрост. Отприлика истата која ја пренесува и оваа книга, прогласувајќи ги зборовите истовремено и за корисни алатки, но и за убиствени оружја.

„Оренда“ од Џозеф Бојден

Брутална епска приказна за судирите помеѓу Хуроните и Ирокезите во 17 век која на моменти делува како канадски пандан на „Војна и мир“. Густо, возбудливо и историски значајно.

„Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска

Неодамна пишувавме за маките на новинарите, особено на оние од културните редакции. Нова книга го истражува проблемот од поширок ракурс - како културата, поконкретно книжевноста, полека се истиснува од нашиот медиумски простор.

„Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон (и интервју со преведувачката)

Дали може да замислите во тек на една година вие и вашето семејство да произведувате само една тегла отпад? На оваа авторка тоа ѝ успева, таму некаде во Америка. Но и кај нас има луѓе кои се обидуваат ако не нула, а тогаш барем да прават помалку ѓубре.

„Серотонин“ од Мишел Уелбек

Помалку од еден месец од излегувањето на седмиот роман на Уелбек во неговата родна Франција, заедно со италијанскиот, шпанскиот и германскиот, а многу пред англискиот превод кој ќе излезе дури во септември, го имаме македонското издание. Повод за привремено покачен серотонин.

„Нашиот пат“ од GP и Steffonator

„Најголема промоција до сега“, велеше најавата за настан одржан на 26 јануари во МКЦ, кој со својата масовност ги затече дури и своите амбициозни промотори. „Стампедо на промоција“, „Редици и навалици за потпишување книга“, гласеа некои од насловите по него, придружени со куп коментари од родители гневни на организацијата и од „сериозни“ литерати згрозени од гужва за книга, a не нивна. Сигнал дека првите локални ѕвезди на дигиталното доба (и можеби на новата книжевност) се тука.

„Урбани легенди“ од Васко Марковски

Шпиц и Уки. Картерот. Ѕуљо, Железничарот. Оџакот, Коцка и чинарот. Ако ги знаете, ќе влезете во времеплов кој истовремено ќе ве натажи и ќе ве освежи. Ако сте премлади за да се сеќавате, ќе научите како вистински се бива „градска фаца“.

„Паралели и парадокси: истражувања поврзани со музиката и општеството“ од Едвард Саид и Даниел Баренбојм

Годината ја завршуваме со мал јубилеј - двестотата Букбокс читанка, посветена на една тема која ни беше важна минатата година, прелевањето меѓу музиката и контекстот во кој таа се создава.

„Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова

Главен лик во овој дебитантски роман не е човек, туку место. Не зборува и не дише, па сепак, како огледало ги рефлектира копнежите и стравовите на оние кои престојуваат во него. Во случајов тоа е стан во неименувана градска населба. Но таквото место може да биде лоцирано насекаде. И во други луѓе. Дури и во самите нас.

„Апсолутно за музиката: разговори со Сеиџи Озава“ од Харуки Мураками

За личен културен настан на годината го прогласувам мојот обновен интерес за класичната музика и сето она што тоа го повлече - нови пријателства со луѓе од оваа бранша, посетени концерти и изгледани едукативни видеа, и последно но не и најмалку значајно, прочитани книги на оваа тема. Две од нив е најдобро да се читаат една по друга - еве ја првата.

„Уште музика и муабети“ од Ненад Георгиевски

Во 2016 ја претставивме книгата „Музика и муабети: колекција музички интервјуа“ од Ненад Георгиевски. Две години подоцна излегува вториот том - „Уште музика и муабети“. За третиот, за кој сме сигурни дека има материјал, ќе треба да се смисли нешто повеќе од „уште“. „Поуште“?

„Мрачни скршнувања“ од Џон Ралстон Сол

Познатиот канадски автор, долгогодишен претседател на Меѓународната организација на писатели ПЕН, има многу необичен стил. Тој „вози“ на горивото на добрата, но вообичаено изведена проза, до моментот кога нешто во неа „кликнува“ и возилото почнува да се одлепува од земјата. Одеднаш сите дотогаш обични ликови добиваат морничави црти, во кои на моменти препознавате и такви на вам познати луѓе. А ако сте баш фер, во нив ќе видите и свои.

„Оној свет: збирка илустрации“ од група автори

Дело на 13 автори, двајца искусни стрип цртачи и неколкумина етнолози-консултанти, кои се обидуваат да ги визуелизираат митските претстави за светот, кои на овој начин оживуваат, токму како да се под, над и околу нас.

Букбокс читанка: „Образована: мемоар“ од Тара Вестовер

Никогаш не била на доктор, на 17 години прв пат влегла во училница. Нејзиното мормонско семејство постојано ја подготвувало за крајот на светот. Ова е приказна за растењето и градењето на самиот себе - процес кој ослободува, но кој остава и големи лузни.

Букбокс читанка: „Моби Дик“ или пофалба на еден велји-превод

Што значи тоа „добар“ превод? Што значи воопшто тоа „добро“? Лекција по зборообразување, истражување, пловење и јазично нуркање, ова е истовремено и повест за еден интимен подвиг, осамено но одлучно замавнување со харпун кон еден кит од дело.