Синтетичката партија во Данска е посветена на спроведување платформа која е подготвена од машина, а нивниот портпарол е четбот под име Водачот Ларс. Сè нешто мислиме дека ние со ваква партија би просперирале камо-каде подобро отколку со постоечкиве.
На прв поглед, одговорот е едноставен и е содржан во самото име - книга што најдобро се продава. Но еден подлабок поглед кон методологијата на прогласување на некоја книга за почесен член на листата на бестселери укажува на комплицираноста и необјективноста на истата.
Историјата на анимацијата обично се поврзува со 20-тиот век. Но цртежи на иранска вазна стара 5200 години можат да се сметаат за многу поран обид да се постигне истиот ефект на подвижна слика.
Двајца славни драматурзи се заглавени во некаков изолиран универзум и можат да комуницираат само преку пораки. Заедносе обидуваат да ја промислат ваквата ситуација, мачејќи се со медиум кој не е баш најзгодниот за длабокоумни муабети.
Денес е незамисливо еден таков цивилизациски споменик како Стоунхенџ, кој датира околу 3000 години п.н.е., да биде во приватни раце. Па сепак, еден човек и не така одамна, во 20-тиот век, имал законско право врз него, а го купил на јавна лицитација.
Тазе лауретот на високото признание за литература за 2022 на повеќе наврати има поддржувано анти-израелско движење. Дали ова може да се смета за антисемитизам, или едноставно за критика на израелските политики?
Во текот на Втората светска војна, млади американски мажи кои не сакале да носат оружје поради верски причини биле повикани да волонтираат за медицинско истражување. Чувствувајќи дека на тој начин сепак ќе го вратат својот долг кон нацијата, тие се пријавиле во нешто кое ќе ги доведе до работ на преживувањето и ќе поттикне дискусии околу тоа дали експериментирањето врз луѓе е секогаш неетично.
Нова книга тврди дека сфаќањето на еволуцијата на индустријата за производство на чипови, и разликите помеѓу неа и останатите кои до сега предизвикувале глобални судири, е клучна за предвидување на геополитиката во иднина. Денес воената, економската и геополитичката моќ се темелат на компјутерски чипови. Кој ќе ги има нив, тој ќе ја има и моќта.
Звучи парадоксално - креаторот на најголемиот логичар и дедуктивец помеѓу книжевните ликови, славниот детектив Шерлок Холмс, самиот бил убеден дека може да се комуницира со мртвите и дека постојат духови. За да ја промовира оваа идеја отворил и репозиториум на литература и предмети од оваа област, во срцето на Лондон.
Прилагодувањето на иконографијата на Велика Британија по смртта на Елизабета Втора ќе потрае со години. Чарлс Трети, велат, е по екологијата, па замената на сите предмети со ознаките на претходниот монарх веројатно ќе оди бавно за да се одбегнат непотребни трошоци.
Рогатите тексашки жаби вообичаено живеат само неколку години. Оваа била пронајдена во мермерна кутија 30 години откако била ставена таму и откако малку дошла на себе - оживеала. Станала толку популарна што ја посетила дури и Белата куќа, се појавувала во филмови, а луѓето масовно купувале сувенири со нејзиниот лик како симбол на долговечност. На денешен ден - 6 октомври - се организира традиционален Рипфест.
Сè започнало кога Луси Ајрленд Греј, студентка по археологија, стоела пред локалното гранапче и забележала парче хартија на тротоарот - коверт кој бил реупотребен за некој да си напише список за купување. Набргу почнала да ги забележува насекаде.
162 години стара слика на австриски aвтор деновиве го разбранува интернет затоа што девојката прикажана на неа наводно држи - смартфон. Koj знае како ќе ги толкуваат денешните слики луѓето од иднината.
Пред 50 години, во ноември 1972, славниот италијански музичар Адријано Челентано имаше број 1 хит во својата земја, и покрај тоа што песната не беше испеана на италијански. Не беше ни на англиски. Всушност не беше испеана на ниту еден постоечки јазик.
Ќе биде малку апла ако признанието му се додели токму сега, во светлина на неодамнешниот напад врз него од кој едвај остана жив. Од друга страна, можеби токму во тоа и би била поентата.
Има малку дејство, дијалогот е речиси неразбирлив а менаџерот на Кобејн го игра лик кој повеќе личи на продавач на стари автомобили. Кралската оперска куќа има нова претстава која ги прикажува последните денови на Курт Кобејн.
На 15 октомври 1910, еден портокалов мачор по име Кидо станал прв од неговиот животински вид кој се обидел да го премине Атлантикот со воздушен балон. Искуството ич не му се бендисало. Сепак, по големата авантура, тој станал маскота и сакано милениче на посадата.
Не е некакво истражување за Иг Нобел. Ниту пак метафора за поврзаноста на умствените процеси со физиологијата. Ова е реален (?) феномен за кој се дискутира со години, но кој се уште нема медицинско објаснување.
Во 1850-тите бебињата во Њујорк добивале мистериозно труење. Речиси 8000 новороденчиња умирале годишно од неконтролирана дијареа. Во јавноста кружеле разни теории, додека еден новинар не ја открил вистинската причина.
Тие не се само списоци на храна и пијалоци, информативни помагала и ценовници. Менијата знаат да бидат реклами сами по себе, алатки за заведување, да будат интимни спомени и, понекогаш, да станат скапоцени колекционерски предмети.
„Предвидувачот на бури“ е изум од 19 век кој функционирал со помош на пијавици чувани во шишенца. Кога тие ќе се вознемиреле поради надоаѓачко невреме, мало чеканче удирало во ѕвонче. Колку повеќе врева и ѕвонење, толку појака бура.
Денес секојдневниот контакт помеѓу човекот и машината - преку притискање прекинувачи - во доцниот 19 век предизвикувал социјална анксиозност од невидени размери.
Веројатно никој не ја знае историјата на оваа алатка подобро од колекционерот Дејв Пал, кој пред дваесет години отворил храм на своите омилени чекани во Хејнс, Аљаска. Минатиот месец излегла и негова книга посветена на еволуцијата на овој алат употребуван од предисторија.
Во 16 век во Јапонија почетокот и крајот на денот секогаш се случувал на шестиот час - акемитсу (шест во зори, кога разденува) и куремутсу (шест на самрак, кога се смрачува). Ова раководење според сонцето подразбирало варијабилност на тоа „шест“ во зависност од годишното време. Иако првите механички часовници донесени од Европа им правеле впечаток како уметнички предмети, на Јапонците тие не им вршеле работа, бидејќи не ја овозможувале таа флексибилност.