Bookbox

Во Италија има над 1400 споменици и објекти поврзани со фашизмот и никој не помислува да ги руши

Има повеќе причини зошто Италијанците ретко или воопшто не си го поставуваат прашањето за постоењето на објекти од фашистичкиот период. Прво, тие се уште се користат, само како структури чија содржина е променета до степен во кој минатото е лесно да се игнорира. Второ, затоа што Италија, за разлика од Германија, нема поминато низ процес на де-фашизација по Втората светска војна. 

Зошто се случува да сонуваме на повеќе јазици?

На прв поглед не е необично ако некој познава повеќе јазици, особено ако ги употребува во текот на денот, истите и да ги зборува на сон. Но подеталното истражување на мултијазични соништа покажува покомплексна слика. 

Душан Ристовски: „Си играм на мобилен“

Освен за бесконечно скролање, мобилниот телефон може да служи како алатка во рацете на креативните. Душан Ристовски (за пријателите „Душман“), не само што фотографира со мобилен, туку на истиот начин ја уредува и ја подготвува сликата за печатење. Негови дела се изложувани од Мадрид и Виена до Доха. 

„Златна гуска“ - награда за научни истражувања кои на почетокот звучеле блесаво

Пред десетина години да инјектираш вируси во деветмесечна сирота лама за да испитуваш вируси на грип звучело навистина откачено, и како залудно трошење на парите на даночните обврзници. По појавата на Ковид-19 нештата се промениле. И во многу други примери, научни истражувања кои биле исмевани по повеќе години се покажале како крајно корисни. За нив има воспоставено и посебно признание.

Најбаксузниот ден во животот на Франклин Рузвелт

На 28 ноември 1943, Рузвелт, Черчил и Сталин требало да се сретнат за серија разговори во советската амбасада во Техеран, Иран. Излегувањето на Рузвелт од земјата требало да се одвива во најголема тајност, без авиони и чалами. Но сè што се случило од самото поаѓање до пристигнувањето било како од Монти Пајтон.

„Ажурирани“ зборови во книги за деца: „мајка“, „татко, „дебел“

„Чарли и фабриката за чоколади“, „Матилда“ и „Џејмс и големата праска“, славни дела за деца и млади на британскиот писател Роалд Дал, се прекројуваат за да се отстранат сите потенцијално навредливи и „застарени“ изрази.

3-2-1, печати!: женските трки во словослагање

Сопствениците на печатници ги нарекувале „Д сфивтс“ (брзите) поради нивната генерална физичка кондиција, но и поради прецизноста во сложувањето поединечни букви во зборови. Својата вештина можеле да ја измерат и на натпревар, кој прв пат бил одржан при крајот на 19 век во Бостон.

Вистинското убиство кое ја инспирирало воведната песна од „Сопранови“

Многу пред стриминг сервисите да ја понудат опцијата за прескокнување на најавните шпици, милиони гледачи на ХБО ја слушале воведната песна „Се разбудив утрово“ пред секоја нова епизода. Иако не е напишана специјално за серијата, таа била инспирирана од теми поврзани со неа.

Кога во 19 век НЛО слетало во Јапонија

Како што во вестите сè почесто се слуша за различни необични вселенски објекти кои прелетуваат над глобалното небо, така искрснуваат и интересни приказни за исти такви виденија од минатото. Ова е дури од 1803-тата.

За љубителите на Калвин и Хобс: нов стрип од Бил Вотерсон по речиси 30 години

На новогодишната ноќ во 1995, шестгодишниот Калвин и неговиот плишан тигар Хобс се излизгаа на санка за последен пат. Тоа изгледаше како одјава на Бил Вотерсон, чиј стрип „Калвин и Хобс“ беше објавуван во 2400 весници низ светот. За среќа, тој има уште нешто да каже.

Нова серија за Лидија Поет, првата жена-адвокат во Италија

На 15 февруари на Нетфликс премиерно беше прикажана серијата во шест епизоди, „Законот според Лидија Поет“, историска драма базирана на вистинска биографија на првата италијанска адвокатка, чие мото е: „Ако Бог сакал да бидеш адвокат, немало да те направи жена“. 

Од крал до просјак: историјата на ананасот

Ананасот не е само украсче на пинаколади и егзотична состојка во овошните салати. Неговото некогашно место помеѓу овошките во европската култура може да се споредува со кралско. Во Британија во 17 век примероци од него се изнајмувале, за аристократите да можат да се фалат дека го имаат на своите трпези.

Готвење, лотарија и реални шоу програми: телевизијата во време на нацизмот

Службената историја вели дека јавното емитирање на ТВ програмата започнало во средината на триесетите на минатиот век, некако истовремено во Велика Британија и Германија, а потоа и во СССР и САД. Но тоа не е баш најточна одредница - по експерименталното пуштање на сингалот во 1934, првиот јавен ТВ сервис започнал со работа во март 1935 во Германија. Претседател на владата тогаш бил - Хитлер.

Необичниот случај со мајмунот од Марс

Доколку освен глупостите на Земјата го следите и она што се случува на небото, тогаш знаете дека во последно време над САД и Канада беа забележани кинески шпионски балони и три до сега неидентификувани летечки објекти, кои беа таргетирани и наводно уништени. Ова ги поттикна малку подзаборавените теории за вонземјаните и целта на нивната посета, но и приказните за луѓе кои решиле малку да си поиграат со опседнатоста со оваа тема.

Почнува Берлинскиот фестивал 2023: филмовите за коишто се зборува

Од вчера, 16.02 па до 26.02, во Берлин ќе се одржи 73-тото издание на престижниот филмски фестивал. Претседател на жирито е американската актерка Кристен Стујарт.

Ако го памти ова стар(а) е за тебе: пионерскиот четбот Елиза

Некои од нас се сеќаваат на ова, и да, стари сме. На исто така стариот Комодоре 64 имаше програмче со кое можеше да се прави муабет. Носеше женско име и се обидуваше да ни помогне да решиме некаков проблем, како човек од доверба или психолог. Тоа беа првите први знаци на давање преголем кредибилитет на илузија на интелигенција, која веќе и не е баш илузија.

Заборавете на Вијагра: афродизијаците на Инките и Ацтеките

Од кикирики до халуциногени печурки и ларви од инсекти, да видиме што сè може (а баш и не мора) да ни го поттикне либидото според древната јужноамериканска фармакопеја.

Дали Данте бил фашист?

Неодамнешна изјава на италијанскиот министер за култура, дека Данте бил основач на десничарското движење во оваа земја, ги поттикна дискусиите за политичката афилијација на човекот за кого подземниот пекол беше предупредувачка алегорија за она што се случува на земјата.

Фонетската азбука на Бенџамин Френклин која Американците не ја прифатиле

Донкихотовски проект на еден од основачите на САД, полимат и изумител, предвидувал реформа на азбуката на англискиот јазик која би помогнала да се намалат грешките во спелувањето со кои мака мачат и денешните Американци.

На Валентајн: учиме за љубовта од моногамните прериски глодари

Едно глувче повеќе знае за верност и посветеност отколку повеќето останати цицачи. Паровите прериски глодари формираат нешто што може да се нарече „брачна заедница“, делат живеалиште и заеднички ги растат малите. Колку што знаеме, нема разводи.

Балетски директор суспендиран откако измачкал критичарка со кучешко гомно

Вест што нè освежи: изнервиран од лоша рецензија на неговата најнова претстава, директор на балетски ансамбл на германска опера му го намачкал лицето на авторот на истата со содржина на хартиена ќесичка, од оние за собирање кучешки измет.

Ослободените затвореници од Гвантанамо отсега ќе можат да си ги носат своите уметнички дела дома

Четири месеци откако сегашни и поранешни затвореници му напишаа отворено писмо на претседателот Бајден, Пентагон официјално ја прекина својата политика која од 2017 година им оневозможуваше на затворениците од Гвантанамо Беј да си ги земат со себе уметничките дела кои ги создавале со години кога го напуштаат затворот.

Ноам Чомски за ЧетГПТ: „Тоа е начин да се одбегне учење“

Славниот лингвист и филозоф, роден 1928, доживеал и коментирал многу нешта во текот на својот долг живот и богатата кариера. Дојде ред да коментира „колеги“ пишувачи во форма на вештачка интелигенција. 

Верниците кои пијат змиски отров за да ја докажат својата вера

Фотографот Роберт ЛеБланк со својот објектив го регистрира животот во мал град во срцето на Апалачите, каде верниците кои припаѓаат на конгрегација наречена Куќа на Исус даваат сè од себе да одржат со векови стар ритуал.