Bookbox

Нешто не штима со Крали Марко

Минатиот викенд на Јутјуб осамнаа нови сминки на Џони - уште 18 бисери на народната музика, меѓу кои „Во убавиот стар град Вишеград", „Во рана зора", „Добро утро мој бекријо". Босанскиот „Дневни аваз" по тој повод му се јавил на Штулиќ дома, во Хутен крај Утрехт.

Љубопитноста убива само ако ја нема

После вчерашното слетување на роверот „Кјуриосити" на Марс, чија кума е тинејџерката Клара Ма - ќерка на кинески имигранти во САД - медиумите не пропуштија да си поиграат со неговото име.

Книжевна грижа на совест

Соработникот за теми од областа на технологијата во Њујорк Тајмс, Дејвид Пог, засрамен од неговото соучесништво во пиратерија - симнување на една (и со бројки: 1) книга, морал да си олесни, и истото да го објави на својот блог. Еве ги причините кои довеле до овој грозоморен чин. Абе Раскољников толку не се покајал.

Густав Холст - „Марс“

Oд оркестарската суита бр. 32, „Планети“, во седум дела - секој посветен на една од планетите од Сончевиот систем. Ја нема само Земјата.

Посмртен поп-арт

Енди Ворхол, роден на денешен ден, 6. август 1928, е закопан на скромните католички гробишта Св. Јован, на рид кој гледа на автопат, 20 минути од центарот на неговиот роден Питсбург. Навидум ништо особено. Ама некој нашол начин и од ова да направи „уметнички проект“.

Јас Тарзан, а ти Фелпс

Не ни е баш јасно како се брои, но ако е точно дека Фелпс во неговата кариера срушил 39 светски рекорди, а Џони Вајсмилер 67, тогаш можеби треба да се преиспита кој е најуспешниот пливач на сите времиња. Она што е сигурно јасно, е кој е најславниот актер помеѓу пливачите.

Вашите купчиња

По нашиот повик да ги фотографирате и искоментирате книгите кои ви прават друштво летово, еве ги првите четворица кои ни ги испратија нивните фаворити. Поканата уште важи!

Ангажирани олимписки кругови

Што добивате ако ги искомбинирате Олимписките кругови - секој симболизирајќи еден континент - со статистички податоци поврзани со различни теми, од економија до права на ранливи групи? Големи, средни и мали кругчиња кои нешто ни кажуваат.

Отисокот на Борхес

Во Саутбенк во Лондон, еден од водечките центри на уметност во Европа, е поставена инсталација од 250.000 книги. Ај што се многу, туку и обликот кој го формираат е прилично необичен.

Грбна поезија

Уметничката Нина Катчадуриан специјализира во „редена" поезија. Си зема една книга, па под неа си става друга, и така насловите напишани на нивниот грб ги претвора во стихови.

„Не е доволно да успееш. Треба другите да не успеат."

Американскиот писател и политички активист Гор Видал почина во вторникот на 86, и меѓу другото зад себе остави куп луцидни изјави.

Книга за капење

Matchbook е сајт кој документира костими за капење кои личат, според боја, дизајн или генерален изглед на - корици од книги! После ова со други очи ќе се загледувате во нечии бикини, веднаш ќе ги споредите со замислена корица за „Крпен живот“.

Последната желба на Арон

Можеби овој пост нема директна врска со темите на Букбокс, но има со она што книгите и воопшто уметноста би требало да го поттикнат - хуманоста.

Кустурица ќе дава книжевна награда од 100.000 евра

Приходот кој ќе остварува Андриќград, кој е замислен како туристичка атракција, ќе се вложува во афирмација на културата. На пример преку доделување престижна награда која ќе го носи името на Нобеловецот, кој е единствен во светот кој има свој град.

Што читавме, и што ќе читаме за однапред

Некој чита од сабајле, некој кога мора, а некој само летно време. Кои книги нам ни се влечеа по куфери, или уште ги м'кнеме по патишта, а кои вие?

Кога дипломата вреди

До крај на август посетителите на Марибор, кој оваа година заедно со португалскиот град Гуимарес ја носи титулата европска престолнина на културата, можат да користат услуги на „интелектуални проститутки".

Готви како писател

Стереотипно, писателите сакаат да си пијат, ама па не бива и да не поткаснат. Освен што рецептиве им звучат доста вкусно, интересно е да се читаат и како парчиња литература. На крај од нив ни фали едно „мх-мх, како ни испадна..“.

Вуууф, туп, ц’нг, так-так

Некои спортски звуци се незаменливи: оној ритмичниот на пинг-понг топчињата, електронскиот сигнал пред почетокот на пливачките трки. За тие да бидат јасни и гласни си има занимање - официјален тонец на Олимпијадата.

Чкртање по учебници, чао!

Јужна Кореја планира до 2015. да стане првата земја во светот која во целост ќе ги исфрли учебниците на хартија и ќе ги замени со дигитални.

Поетесата во Мерлин

Книгата „Фрагменти: песни, интимни белешки и писма", посветена на помалку познатите детали од животот на најпознатата русокоса, откриваат голем јаз меѓу нејзината јавна личност и ранливата, чувствителна приватна Мерлин. Особено песните, кои се сочувани во ракопис.

Да даде Господ детето да ти учи старогрчки

Во 1957, кога имал 18 години, идниот милијардер и основач на Си-ен-ен, Тед Тарнер, му кажал на татко му - билборд магнат - дека сака да студира класични јазици на Универзитетот Браун. Татково, во очај, му го испратил следново писмо.

Илустрирани совети за пишување

Пред некое време ги објавивме 22-те совети за раскажување приказна на Ема Коутс, сториборд уметник во Пиксар, ама еве ги повторно, овој пат „зипувани" и прикажани со Лего фигури. Вака илустрирани не верувам дека некогаш ќе ги заборавите.

 

Проект: Еротска литература во секоја хотелска соба

„Демсон Дин“ во Езерската област во Англија, хотел кој се рекламира како совршена дестинација за „мирно бегство", крена џева откако во сите соби ги замени изданијата на Светото писмо со малку поинаква литература.