Фантом во операта

Дон Жижек

Кралската оперска куќа од Лондон, пред заминувањето на нејзиниот извршен директор Тони Хол за директор на Би-би-си, најавува храбар потег. Меѓу другото дури четири опери инспирирани од ликот и делото на - Славој Жижек!

„Секогаш ќе ги имаме Боемите и Травијатите, но ни треба нов уметнички идентитет", изјавил Каспер Холтен, директорот на операта, додавајќи дека за ова бил инспириран од Финска, каде новите оперски дела не се стереотипно некомерцијални, туку напротив, премиерите во сезоната се најинтересни за публиката.

Оперите инспирирани од Жижековите книги ќе бидат завршени до 2020-та, и ќе се однесуваат на стравовите и надежите на современиот свет. Четворицата композитори кои се поканети да одговорат на предизвикот се Финецот Каија Саариахо, Германецот Јерг Видман, Италијанецот Лука Франческони и Британецот Марк-Антони Турнаж.

Софи Фајнс, која направи два филма за Жижек, вклучувајќи го и претстојниот „Изопачениот водич на идеологијата", вака го објаснува статусот и популарноста на овој филозоф: „Тој е важен мислител за нашите турбулентни, многу брзи, од информации водени животи токму затоа што инсистира на слободата, да запреме и да размислиме добро за тоа кои сме како поединци во ова фрагментирано општество. Ни треба радикален хип свештеник и Славој е тоа, на многу начини".

Уште ако знае да пее, Жижек би можел и самиот да глуми во оперите - перика и хулахопки супер би му стоеле.

17 јануари 2013 - 16:45