Во висините, каде е свежо
и светло и чисто и широко.
Таму живеат моите мисли,
а тука долу,
каде овие зборови ги пишувам
застоениот воздух градите ги стега,
одмор нема за будното око
згрчен живеам и тешко дишам.
Сè е помало, сè е пониско
сè е мрачно и сè е потешко
А во мене како ранет сокол
мелодија една се крева
за висините, кадешто е свежо
и светло и чисто и широко.
Тоа ви го пишувам за да се знае, еве
дека бедно умирајќи пеев.
Иво Андриќ, Берлин 1940