Дизајнерски ист како во филмот, нешто како црвено око на телевизиска камера, главниот лик во Кјубриковата 2001: Oдисеја во вселената сега може не само да ги контролира системите на бродот Discovery One, туку и да ви прави муабет по дома.
Хеуристички програмираниот АЛгоритмички компјутер изговара 15 реплики од филмот со познатиот спокоен но истовремено морничав глас. Не пишува дали има и некоја скриена опција тој да почне да ви дава отпор па да морате да размислувате како да го исклучите. Покрај сиот напредок на технологијата од 1968. кога е снимен филмот, и остварувањето на стравовите дека компјутерите ќе почнат да ни владеат со животот, не знаеме што повеќе да ви препорачаме - да си го купите машинчево чисто заради чалам, или да си земете маж/жена со ХАЛ-табиет. Чувството веројатно ќе биде слично.
Сцената на расправија меѓу човек и машина во филмот: