Bookbox

Книгопредизвик за вас прекрасни луѓе

Варијации на тема „предизвици" по урнекот на кофите студена вода има многу, а некои од нив веројатно и не се многу пријатни. Ние ви нудиме еден кој е образовно-забавно-хуманитарен, и не претерано тежок.

Ексклузивно! - нај(зло)употребуваните зборови во новинарството

Новинар на Дејли Бист, подготвен да си ги признае вербалните гревови и да започне со сопствената рехабилитација, ги наведува најчестите залудно или прекумерно употребувани термини во современото новинарство, на кое не е имуно и нашето.

Ѓубрето на Апдајк и прашањето на приватноста на славните

Додека е во полн ек дискусијата околу протечените голи фотографии од холивудските ѕвезди, уште една приказна отвара прашања за приватноста на славните и кој ја одредува вредноста на оставштината на некој уметник. Запознајте го човекот кој го поседува ѓубрето на Апдајк.

Актерот кој го синхронизира Џејмс Бонд на германски

Позајмувањето гласови на филмски ликови е актерска вештина за почит. Со носталгија се сеќаваме на оние на Борис Мајсторов, Таска Балабанова и Божо Софрониевски од цртаните, а новите генерации имаат прилика да следат синхронизирани турски серии. Но во земји како Германија ова е долга традиција, во која важат високи стандарди. Дитмар Вундер е еден од најбараните актери кога се во прашање блокбастерите.

Емоџи - првиот вистински глобален јазик?

Прво беа симпатичен украс на текстуалните пораки, но сега овие симболи се користат за цели реченици и пренесување сложени пораки. На нив се „преведени“ дури и цели книжевни дела.

Дали Џо Страмер навистина трчал маратон?

Спортот изгледа како нешто кое не може да биде поспротивно од панкот, и како идеја и како практика. Дисциплината и физичката подготвеност која ја подразбира трчањето маратон, пак, никако не ни одат нога пред нога со ликот и делото на Џо Страмер. А можеби цело време тука некој лажел.

Поезија која ги следи дневните настани

„Поетите реагираат" (Poets Respond) е веб рубрика на поетското списание Rattle, кое од јуни оваа година ги покани сите поетски настроени да опишат значаен настан во текот на неделата. Така се создава архива од некој вид пара-вести, односно се промовира поинаков новински дискурс, овој пат во стихови.

Архитектонски чир на годината (+наградениот)

Додека нашиот критериум за тоа што е убава (и квалитетна) градба секојдневно се деградира до степен на сеедност, во други контексти сè уште се обидуваат, не без доза на сарказам, да ги критикуваат новооизградените објекти. Таква е оваа британска награда, за најгрда нова зграда на годината.

Кој го уби Пазолини?

Италијанскиот режисер, поет, филозоф, сликар и политички активист беше убиен на 2. ноември 1975. И денес, четири децении подоцна, сè уште не се знае точно кој го сторил тоа, иако се претпоставува зошто. Еден филм на годинешново Венецијанско биенале ќе се обиде да ги реконструира последните часови од неговиот живот и да укаже на неговите можни убијци.

Спрингстин објавува книга за деца

Свесни сме дека во рубрикава во последно време малку го претеравме со Спрингстин. Ама поводот е реален и баш фин - човекот пишува сликовница според своја песна.

И тоа го има: џез на гајда

Руфус Харли е познат како првиот џез музичар чиј главен инструмент биле гајдите. Неговите изведби по кој знае кој пат потсетуваат дека не е до тоа на што е нешто исвирено, туку како.

Предизвикот со кофа мраз на Дејвид Линч

Овој пат ќе бидеме кратки - Линч, кафе, труба и еден евергрин исвирен многу, многу лошо. Потоа, истото тоа пуштено наназад. Плус, неговата номинација. 

Маките на Софија Толстој со нејзиниот славен маж

Му родила 13 деца, му готвела, го крпела и трпела, за тој да ѝ врати со расказ во кој проповеда сексуална апстиненција и симболички ја убива. Откако книгата била забранета, уште и отишла да го брани пред самиот цар. Море фрли го под воз, да види што е целибат.

Буковски на персиски

Ете, дојде и тој момент, некое момче од предградијата на Техеран да може да го прочита Хенк на својот мајчин јазик. Освен ако не го цензурираат до непрепознатливост. Истото важи и за поезијата на Силвија Плат.

Кога Бeроуз му фрлил клетва на Капоти

И двајцата како табиети не биле цвеќиња за мирисање. Имале и долга меѓусебна историја на професионална завист и неподнесување. Но едно писмо на Бероуз јасно покажува до каде била дојдена работата.

Неколку работи што можеби не сте ги знаеле за Ричард Атенбороу

Вчера, 24.8, на 90 години почина лорд Ричард Атенбороу, актер, режисер-оскаровец и постар брат на природонаучникот Дејвид. Неколку нешта за неговата богата кариера и долг живот во кој доживеал и успеси, но и трагедии. 

Книжевни референци во песните на Лана дел Реј

И покрај нашата конзервативност кога е во прашање нова музика, признаваме - Лана дел Реј има „нешто". Меѓу другото, нејзините стихови содржат и куп книжевни референци.

„Гнаса" (Filth, 2013)

Четвртото издание на филмскиот клуб го посветивме на филм правен според книга на Ирвин Велш, чии романи се како создадени за филмски „трипови". Еве како нè бендиса овој.

Како да прикажеш дигитални преписки на филм?

Еден од современите предизвици на филмскиот медиум е да најде асален начин да прикаже дигитално примање и испраќање пораки, по мејл или по СМС, без да го нарушува дејството. Некои од досегашните примери се катастрофални, други многу креативни.

„Луѓето од Њујорк" во нови контексти

Пред некое време пишувавме за Брендон Стентон и неговите фото-портрети на жителите на Големото јаболко, кои придружени со кратки приказни за нивниот живот привлекоа огромно внимание. Сега тој почнува нов проект, со слична содржина, но во области погодени од војна и сиромаштија. 

„Не читај книги!" - зен песна од 12. век

Иронично е во рубрика која се вика Букбокс да објавуваме песна против читањето книги. Но во случајов не е важно против што е песната, туку за што е за.

Машина за чукање која претвора реченици во звук

Додека технолошкиот напредок незапирливо влече на една страна, ретро ентузијасти се обидуваат да искажат почит кон старите направи, со тоа што ги спојуваат со новото и ги пренаменуваат. Ова е една таква машина за пишување, претворена во музичка кутија. 

Најгласниот збор во рокенролот

Не е ни именка, ни глагол, ни придавка, туку е - член. Англиското "The" пред имињата на бендовите речиси еден век од нив прави сериозна институција.

Војната меѓу Амазон и Aшет: кој продава, а кој создава книжевна култура?

Веќе подолго време во издавачкиот свет се води вистинска војна помеѓу Амазон и еден од најголемите европско-американски издавачи Ашет (Hachette). Ако на почетокот и не беше баш најјасно во што се состои конфликтот, сега веќе е - дека не се работи (само) за натегање околу пари.