Големината не е важна

Книга на малите животни задоволства

Помала од нокт, оваа книга содржи сè за што би требало да бидеме благодарни што воопшто сме живи - балони, мирис на дожд, возење на колички во супермаркет, кога ќе го извадиш она што ти се заглавило меѓу забите...И да, јадење музли од черепот на твојот непријател.

На прво слушање звучи лигаво, но книшкава освен што е мала, и зборува за мали нешта, истовремено е и симпатично голема во својата автоиронија.

Ова е втора ваква минијатурна книга на авторката Еван Лоренцен, чие претходно дело (тука) ги претставуваше најважните моменти од историјата на планетата Земја, на пример откритието на оганот и чумата. 

Најлогична посвета на ваква книга за подарок би била „големината не е важна". При што, нели, се мисли на задоволствата којашто таа ги опишува.

 

 

17 март 2015 - 09:47