Стихови на денот

Смртта е трудна

Го влечам капутот по влажната земја,
собирајќи ја калта што сведочи историја,
со прсти ги допирам плочите над површината,
а ѓонот го оставам чист за некои нови преданија.
Тогаш кога смртта е трудна,
кога е гладна, кога е стрвна,
разлутена и гневна,
на малото смртче кое во утробата мрда.
„Како ли мене ова ме снајде?!", извикува бесно,
„Не требаше на животот да му се препуштам толку лесно".

Мартин Богатиноски

 * Една од песните со кои Мартин неодамна ја освои третата награда на меѓународниот поетски фестивал „Павле Поповиќ" во Србија.

16 март 2015 - 15:52