Bookbox

Синан Гуџевиќ на гробот на Зорба

За првата радио станица на неговото детство - радио Скопје - гласовите на Никола Бадев и Нина Спирова, за македонското Л, и за судбината на еден славен скопски жител, раскажана низ личен ракурс. Синан Гуџевиќ, исто како и Зорба, слободен човек.

Ајфел имал тајно станче во кулата

Кога во 1889 Ајфеловата кула се отворила за восхитената јавност, нејзиниот архитект ги собрал сите ловорики. Но она што таа јавност не го знаела било дека тој си направил мал таен стан на врвот на светското чудо.

Анимиран „Малиот принц“ на Канскиот филмски фестивал

На овогодинешниот Кански фестивал, кој ќе се одржи од 13-24 мај, премиерно ќе се прикаже анимиран долгометражен филм направен според „Малиот принц" на Егзипери. Режисер - Марк Озборн, истиот од Кунг-фу панда.

Пулицер за литература и музика 2015

Кога се известува за тоа кој ја добил Пулицеровата награда за одредена година обично се почнува (а понекогаш и завршува) со добитниците од областа на новинарството, а останатите - белетристика, музика, драма, историја, биографија, поезија - како да се под „разно". Па кои се некои од нив оваа година?

Книга-бомба за Хилари

Додека ние сетилно сме ориентирани кон слушање „бомби“, Американците деновиве ќе имаат потешка задача - да прочитаат книга, ако сакаат да ги дознаат наводните валкани зделки со кои се занимавала кандидатката за претседател на демократите. Не знаеме дали таа содржи транскрипти од монтирани и креирани телефонски разговори, ама па затоа има километарски наслов.

Дали постои музичка дислексија?

Музичкото образование во западниот свет често ја потенцира „музичката писменост", односно способноста да се чита музичка нотација. Но ова понекогаш не е лесна задача дури и за професионалните музичари, што го повлекува прашањето: дали е можно да постои и музичка дислексија?

За цитирање на Гебелс треба да се плати

Наследниците на Јозеф Гебелс го тужат издавачот Рендом Хаус заради употреба не негови записи во нова биографија посветена на овој озлогласен министер за пропаганда на Хитлер. Став на издавачот: не плаќаме авторски права на злосторници.

Иднината на литературата: анимирани цитати

Нова апликација, која работи во тандем со Фејсбук Месинџер, овозможува испраќање анимирани цитати од значајните книжевни дела на вашите пријатели. Името на апликацијата е прилично софистицирано: GIF Quotes.

Љубовна песна за една модернистичка зграда на гитаристот на Смитс

CIS Tower е облакодер на улицата Милер во Манчестер. Изграден е во 1962, а со своите 118 метри е највисока деловна зграда во Велика Британија вон Лондон. Токму на неа Мар ѝ ја посвети песната „Динамо" oд неговиот втор соло албум, Playland.

Претстава на Бекет во црна темница

Драмите на Бекет нудат можност за радикални експерименти. Една од нив, за којашто пишувавме по повод заминувањето на „музата" на Бекет, на сцената ја предвидуваше само осветлената уста на главната (и единствена) актерка. Но во нова продукција, на нешто што било замислено исклучиво како радио драма, целата сала ќе биде во мрак.

Далај Лама и Дезмонд Туту ќе пишуваат заедничка книга

Тибетански будист и некогашен англикански бискуп, обајцата борци за човекови права и добитници на Нобеловата награда за мир, ќе се обидат да дадат одговор на тоа како (и каде) се наоѓа среќата.

Зошто Ринго Стар заслужува почит?

Овој викенд во Рокенрол халата на славните ќе бидат примени Грин деј, Лу Рид, Бил Витерс и Џоан Џет. За музичка исклучителност конечно ќе биде награден и Ринго Стар.

Проект Вокс - историја на модерната филозофија која ги вклучува и жените

Големите фигури на филозофите-мажи од периодот на раната модерна филозофија досега ги засенуваа оние поретките, но сепак постоечки ликови и дела на жените филозофи од истиот период. Еден сајт се обидува да ја исправи работата.

Гинтер Грас: заминувањето на контроверзниот нобеловец

Добитникот на Нобелова за книжевност од 1999, писател, поет, драматург и скулптор препознатлив по неговите моржовски мустаќи и лулето, почина на 87-годишна возраст. Зад него останува значајно книжевно дело, но и живот, кој особено при крајот, беше обележан со контроверзи.

10-те заповеди според Кристофер Хиченс

Можеби и не е најсреќен избор на верски празник да се објавува предлог-ревизија на десетте божји заповеди на озлогласен атеист, каков што беше Хиченс. Но за тоа има две добри причини. Прво, тој е роден на денешен ден во 1949, второ неговата листа не е контрадикторна на онаа којашто вообичаено се наведува како библиска, туку е само прилагодена на новите времиња.

Генијалноста на г-дин Линеа

Во време на софистицирана компјутерска анимација и заморни 3Д ефекти, убаво е да се потсетиме што може да се направи со една обична - линија.

40 години од „Светиот грал“ на Монти Пајтон

Евергрин хумор, којшто не само што не застарува, туку станува и посмешен со годините. Можеби затоа што веќе малку работи нè засмејуваат онака како што тоа го прави витезот што вели „Ни!“.

Психологијата зад моментот на „аха!“

Тоа е оној момент кога нешто ќе ви „светне“, а кој велат дека е резултат на инстинкт, интуиција, на повеќегодишно искуство, или едноставно на среќа. Ефектот на „еурека“ е дел од легендите за големите научни откритија, но и од секојдневната работа во повеќе професии, каде помага за решавање на големи проблеми, па и за спасување животи.

Зошто ретро-манијата по „Твин пикс“ е вознемирувачка?

Пред неколку дена Линч изјави дека нема да го режира продолжението на „Твин пикс", неговата култна серија, прикажана пред точно 25 години. Фановите реагираа со големо разочарување и со надеж дека финансиските недоразбирања меѓу него и продуцентот ќе се решат, а некогашната актерска екипа почна акција за негово враќање. Сепак, има и такви кои сметаат дека во оваа ретро-манија по серијата има и нешто необично, коешто треба да загрижува.

„Зборови без музика“: нов мемоар на Филип Глас

На 78-годишна возраст Филип Глас има доволно живот зад себе за неколку автобиографии. Неговата нова книга е токму тоа - мемоар на четиристотини и кусур страници, со спомени и интроспекции поврзани со неговата композиторска работа.

Враќањето на девојката со тетоважа на змеј

Стиг Ларсон почина на 50 години во 2004, но неговиот најпознат лик, Лизбет Саландер, ќе продолжи да живее. Тоа е една од предностите на фиктивните ликови, да можат да „воскреснат“, и да им донесат многу пари на оние кои ги разбудиле од нивниот мирен сон.

100 години од раѓањето на Били Холидеј

Родена како Елеанора Фаган на 7. април 1915, со прекар Lady Day, Холидеј има извршено огромно влијание врз џез и поп пејачите, но и врз историјата на музиката воопшто.

Човекот кој за малку ќе го убиеше Хитлер

Нов филм кој за некој ден премиерно ќе се прикаже во Германија зборува за Георг Елсер, 36-годишен дрводелец од гратче во јужниот дел од земјата, кој бил блиску до тоа да изврши атентат врз Хитлер на почетокот на Втората светска војна.