Може на сите ѕвона да ни кажуваат како треба, но самите не се баш модели за однесување. Или што би се рекло народски - „не го слушај попот што зборува, туку гледај што прави“.
Форма на документарен театар, каде драмскиот текст се состои од искази на реални луѓе. Но тоа не е сè, тој (текстот) им се чита преку слушалка на актерите во текот на самата изведба, без претходна проба.
Го знаете она кога некоја песна ќе ти влезе во уво и ти ровари низ глава на рипит. Истиот тип на „заразност“ може да помогне да се научи нов јазик побргу отколку со традиционалните методи.
„Не се согласувам со она што го кажуваш, но до смрт ќе го бранам твоето право да го кажеш“. Убав - иако не секогаш остварлив - принцип на одбрана на слободниот говор. Но не го срочил францускиот просветител, туку една негова биографка.
Мoхамед Баруд имал 31 година и само што се оженил, кога бил осуден на доживотен затвор, само затоа што се осудил да напише поплака до властите. Една книга му го спасила животот.
Признанието се вика „Република на свеста“ (Republic of Consciousness), а членовите на жирито биле инструирани да решаваат по следниот принцип - „книгата Х или Y не може а да не ја добие наградата“.
Една од оние личности кои се постојано во друштво на најславните, но и покрај тоа (или заради тоа) постојано во сенка. Тоа не е причина да не се издаде сопствен албум и на прагот од седмата деценија.
Џон Едмонстон се родил како роб, а умрел како слободен човек. Некаде во текот на животот го подучувал Чарлс Дарвин на сè што знаел за препарирањето птици. А знаел многу.
Јоханес Вермер постојано ги вметнувал во своите слики. Исто така и Едвард Хопер, Егон Шиле, Диего Веласкез, Ешер. Нова книга ја истражува историјата на книгите во визуелната уметност.
Наскоро во кино салите низ светот ќе се случи премиерата на нов филм за ушлестиот Дамбо, во режија на Тим Бартон. Претходниот, анимиран, беше од 1941. Но пред него Дамбо требала да биде објавена во необичен формат, чија современа асоцијација би била „со скролање“.
Изложбата во Бундескунстлхале била планирана пред неодамнешното емитување на скандалозниот документарец на ХБО. И покрај новонастанатата ситуација, музејот во Бон одлучил да ја постави.
Ако се прашувате како би изгледало едно модерно уметничко дело вредно милиони на ѕидот на вашата дневна, благодарејќи на една необична иницијатива може да се пријавите и да конкурирате за истото. Само има еден услов: да живеете во Швајцарија.
„Загубениот живот и скандалозната смрт на Летиција Елизабет Ландон“ е нова книга која раскажува за славна поетеса од 19 век, чиј живот криел мрачни тајни.
Без оглед дали продаваат облека, цвеќиња или козметика, продавачите знаат дека постојат тешки муштерии, кои имаат невозможни барања или кои не знаат што сакаат. Една таква продавачка на книги почнала да црта стрип во кој се замислува како волк.
По повод 90-годишнината од излегување на првото издание, Оксфордскиот речник на англиски јазик минатата година почна кампања под наслов „Зборови онаму каде што сте“. Читатели од целиот свет беа повикани да испраќаат предлози, од кои голем број сега влегоа во речникот.
Кога нашите предци почнале да јадат помеки земјоделски производи, обликот на човечката вилица се променил. Со тоа се променил и репертоарот на звуци кои човекот можел да ги произведе.
Огромниот диспаритет во големината на животните е постојана фасцинација на биолозите. И навистина има предности во тоа да си голем во ова царство. Но уште подобро е ако си мал и речиси невидлив.
Една од пооткачените теми на дипломска за кои сме слушнале кај нас се однесува на брзината на слегнување пена кај разни видови пиво. Слично на ова, и студијата за начинот на кој влијаат различни жанрови врз вкус на млечни производи може да се кандидира за овогодишниот Иг Нобел.
На некои од нас што пишуваме на сајтов ни се случува да се колнеме дека сме пишувале на некоја тема, дури и да се сеќаваме на фотографиите што сме ги ставиле, ама таков линк да не можеме да најдеме. Од инает, и од несакање да се помириме дека можеби се работи за лажно сеќавање, некогаш губиме и цел ден пребарувајќи по различни клучни зборови. Е такви лажни сеќавања си имале и посебно име.
На 2 март (ќе) му беше 77-иот роденден. По тој повод јавната библиотека на Њујорк издаде специјална Лу Рид членска карта, која обезбедува пристап не само до вообичаените услуги, туку и до хартиени и електронски документи, фотографии и околу 3600 аудио и 1300 видео снимки од големиот рокер.
Во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд od 15.3 беа убиени најмалку 49 луѓе, а 20 беа ранети. Убиецот, кој е уапсен, претходно напишал анти-имигрантски манифест, во кој, меѓу другото, цитира една славна песна.