Bookbox

Градот кој ја слави грдотијата

Сместено помеѓу Апенинските планини и Јадранското море во централна Италија, гратчето Пиобико се избори за необична титула - светско седиште на грдите.

Лудите начини на правење снег во старите филмови

Корнфлејкс, стиропор, брашно и азбест (!) биле некои од нештата користени за добивање зимски пејзажи во раните денови на Холивуд.

Нештата сведени на нивната суштина

„Факт е дека во 1903 година Мисирков ја објавува За македонцките работи, и факт е дека книгата е спалена од бугарските власти. Што мајка барале да ја спалуваат? Да не им било страв од нешто или ја спалиле со љубов за возвишени цели?“

Алгоритам ќе комплетира недовршена симфонија на Бетовен

Компонирал девет симфонии. Планирал десетта, но само ја скицирал. Таа сега ќе биде да биде завршена со помош на вештачка интелигенција.

Контроверзните ставови на Дејвид Белами околу климатските промени

Вчера, 11.12, на 86 години, почина брадосаниот ботаничар кого го паметиме од зимската образовна програма која во осумдесетите ја емитуваше телевизија Белград. Многумина додуша мислеа дека тој е одамна починат, но причината за неговото долгогодишно медиумско отсуство е во нешто друго.

Каде се османлиските споменици низ Скопје?

Утре, петок, 13.12, во 12 часот на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ ќе биде промовирана првата фаза од долгорочен проект за мапирање на недвижното културно наследство на Скопје.

Најдобри научно-популарни книги на 2019

Книгите од овој жанр нудат можност да се исчекори од постојаниот тек на драматични научни откритија и да се анализираат пошироките последици од истражувањата кои се во тек. Книгите на овој список се обидуваат да ја следат долгата приказна за тоа како луѓето станале такви какви што се денес, да ја истражат промената околу нас и ограничувањата на нашето знаење.

Мундог или слепиот авангарден композитор

Луис Томас Хардин, попознат како Мундог, бил американски музичар, композитор и изумител на неколку музички инструменти. Бил слеп од 16-годишна возраст. Живеел во Њујорк од 1940-тите до 1970-тите, и во тој период често стоел на 6-тата авенија, носејќи наметка и шлем. Го нарекувале „Викингот од 6-тата авенија“, иако многумина кои го среќавале не ни знаеле за неговата музичка кариера.

„Егзистенцијално“ е збор на 2019

Климатските промени, вооруженото насилство, вистински или проектирани закани и кризи во светските вести во текот на годината што изминува, направи најчесто пребаруван збор на популарниот сајт dictionary.com да има врска со најосновното - нашиот опстанок и егзистенција.

Човекот кој изеде банана од 120 илјади долари: „Не беше банана, туку концепт“

Минатата недела на големиот уметнички саем во Мајами беше продадено „уметничко дело“ - банана закачена за ѕид со селотејп - по цена од неверојатни 120,000 долари. Еден посетител викендов ја изеде, за без пари. Сега вели дека не лапнал банана, туку нешто повеќе од тоа.

Влада Урошевиќ: „Оваа наша Македонија не е неисцрпно кесе со златници“

Вчера, 8.12, беа доделени високите признанија за постигнувања во културата, уметноста и здравството, „Св. Климент Охридски“. По тој повод во Собранието академик Влада Урошевиќ го прочита следниов пригоден говор.

Среќен 70-ти роденден г-дине Вејтс

Тешко е да се поверува, но денес, 7.12.2019, Том влегува во сериозни години. Со неговата музика созреавме, а богами полека старееме и ние.

Бaш би го гледале: едночасовно уметничко видео во кое Дејвид Бекам спие

Филм на режисерската на „50 нијанси сиво“, во кој единственото што се случува е што поранешниот фудбалер спие (добро, додуша без горен дел пижама), се прикажува на дисплеј во лондонската болница во која се родил.

Албер Ками бил убиен од КГБ?

Нова книга, која содржи архивски документи откриени во 2011, тврди дека постојат индиции дека Франција учествувала во организацијата на сообраќајната несреќа во која почина Албер Ками.

Отпор и писоари: тајната историја на париските јавни тоалети

Конзервативците ги нарекувале „дувла на разврат“ и „дамка врз репутацијата на градот“. Но јавните тоалети не само што овозможувале намалување на смрдеата и ѓубрето, туку претставувале и места за забранета интимност и отпор кон естаблишментот.

По 40 години на Кундера му е вратено чешкото државјанство

Славниот писател ја напуштил Чехословачка во 1975. Тој и неговата сопруга тогаш заминале за Франција, каде требало кратко да престојуваат на тамошен универзитет. Но никогаш не се вратиле. Комунистичката власт му го одзела државјанството во 1979, а од тогаш тој ретко се враќал во татковината, дури и по падот на Железната завеса. Но по четири децении, сега е повторно Чех.

„Незнаењето победи“: згаснато Здружението за заштита на апострофот

Пред два дена светот се разбуди со една вознемирувачка вест - Џон Ричардс, еден од најагилните бранители на коректната употреба на апострофот во англискиот јазик, кренал раце од својот животен проект. Причината: се разочарал што никој не го слуша.

Македонска верзија на „џајв“ - тајниот јазик на нашите чалгаџии

Каква врска има американското „не биди мокро ќебе“, со велешкото „аспир“? Обата се изрази од таен говор на музичари, а тие знаат што е она најважното што треба да се кодира, за друг да не разбере.

Колодиум во движење: изложба на Сашо Алушевски

„Изложба“ веројатно и не е најсјајниот опис на она што треба да се случи во четврток, 5.12 во 20 часот во кино Култура. Креативна соработка помеѓу балерина и фотограф чија специјалност е посебна, тн. колодиумска техника, резултира со слики кои делуваат како пораки од оностраното.

Скорсезе: „Ве молам, не го гледајте Ајришмен на телефон“

Пет дена откако неговиот најнов филм почна да се прикажува на Нетфликс, славниот режисер замоли филмот да се гледа на што е можно поголем екран. Како на пример...во кино?

„Сите ние сме Африканци“: нова изложба за врските помеѓу Македонија и Африка

Изговорена среде старата скопска чаршија, горната изјава може да зазвучи радикално. Но оваа изложба не само што ја промовира, туку и ја поткрепува со наоди од палеолит до денес.

Најкратките драми на светот

Пресек на театарот на 20 век, овие не кратки, туку најкратки пиеси на целиот свет, се вистинска потврда на старата изрека - дека уметноста го имитира животот. А тој е апсурден, смешен, меланхоличен, брз, гневен и често многу, многу краток.

Колкав е јаглеродниот отпечаток на музичката индустрија?

Членовите на Масив Атак, во соработка со истражувачи од Универзитетот во Манчестер, ќе ги анализираат податоците од турнеите на бендот.

Почина контроверзниот антрополог Наполеон Шањон

Стана славен по своите истражувања на племето Јаномами во амазонската прашума. Но неговите методи го направија неомилен помеѓу поголемиот број колеги-антрополози.