Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Прв исклучен играч во Премиер после 17 години за напад на соиграч

Идриса Гај беше исклучен со црвен картон после само 13 минути од почеток на дуелот Манчестер Јунајтед - Евертон на „Олд Трафорд“ во понеделникот вечер. Гај му удри шлаканица на својот соиграч стоперот Мајкл Кин пред соиграчите да ги раздвојат.

Надреалната асистенција на Јокиќ со поголемо и заслужено внимание

„La Giornata Tipo“ е најпозната италијанска Фејсбук страна наменета за кошарка. Имаат издвоено речиси едноминутен клип од синоќешниот магичен пас на чудото од Сомбор. 

Совршенство од левица за победа на Трабзонспор во 101-ва минута

Башакшехир и Трабспор приредија понеделничка драма во 13. коло од турскиот шампионат. Домаќините имаа на полувреме 2:1, а конечниот резултат на мечот е 3:4. Јунак е Ернест Мучи, кој го сврте мечот со гол во 77-ма минута, а потоа со голчиште во 11-та минута од судиското продолжение.

Гвардиола јавно се извини за екцесот со камерманот

Њукасл и Манчестер Сити одиграа фантастичен дуел како и секогаш кога ќе се сретнат. Во саботата вечер после десетина неверојатни промашени шанси на двете страни, Њукасл славеше 2-1 против силниот Сити со два гола на Харви Барнс. Пеп Гвардиола нервозен после натпреварот на „Сент Џејмс Парк“ му се сипа на камерманот кој го снимаше одблизу како што му налага должноста.

Акробативен гол на Матиќ

Немања Матиќ (37) се изнаигра фудбал. Од Словачка, Премиер лига, Холандија, Португалија, пак во Премиер, па Серија А, Франција и сезонава повторно во Италија. Изненадувачки потпиша за Сасуоло, за кој синоќа го постигна својот деби гол против Пиза. Погледнете го како ја зафати. Што ти е стара коска.

Русите имаат специјалист за изведување аути

Се вика Мингијан Бевеев и настапува за Балтика Калининград. Ти му даваш аут да изведе, а тој асистира. Погледнете му ја техниката. Му нема рамен.

Играчи на Евертон се степаа, падна црвен картон а го победија Манчестер Јунајтед

Дуелот од 12. коло во Премиер лига меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон донесе неверојатни сцени. Во 13' минута од средбата на „Олд Трафорд“ гостинскиот фудбалер Идриса Геј имаше помрачување и му удри шлаканица на својот соиграч Мајкл Кин. Стоперот тргна да му возврати ама соиграчите ги разделија.

Трипл-дабл број 10 на Јокиќ, тројка од пола терен и нереална асистенција

Веќе не е ни вест кога Никола Јокиќ ќе оствари трипл дабл. Него што му е со тројката од центар ала Стев Кари и пасот во стилот на Џејсон Кид?

Убав гест на Антони, речиси невиден во фудбалот

Петтопласираниот Бетис, одигра само 1:1 против 18-то пласираната Жирона во 13. коло од Ла Лига. Антони на крајот од средбата доби црвен поради груб и несмасен потег, но не се бунеше. Напротив, покажа позитивен пример, дека не треба да се реагира кај судиите кога е човек крив и им се извини на навивачите.

Како Перо со песна „го избркал“ Жељко од кафана

Перо Антиќ е најновиот гостин во подкастот Пресинг. Зборува на многу теми поткрепени со пикантерии. Раскажува како изгледа еден тренинг со покојниот Дуда Иваковиќ и што се случило кога се нашол во иста кафана со Жељко Обрадовиќ. 

Хит видео на колото

Ливерпул минатото лето плати астрономски 140 милиони евра за напаѓачот Александер Исак кој дојде од Њукасл после неколку месечна сага. Ама сега навивачите на Ливерпул не би дале ни 14 центи за него. После новиот тежок дебакл на црвените кои изгубија дома 0:3 од Нотингем Форест и го забележаа шестиот пораз на последните 7 натпревари во Премиер лига, целиот бес беше истурен во Исак.

Страшниот гол на Кристијано Роналдо и од друг агол

На само неколку дена до затворање на кандидатурите за најубав гол на светот за 2025-та, Кристијано Роналдо постигна страшен погодок, голчиште кое сигурно ќе конкурира за најубав на планетата во изминатите месеци. Португалецот еднаш ја доби оваа награда за слично ремек-дело кога со ножички постигна еврогол за Реал Мадрид против Јувентус.

Голман на Лидс Јунајтед или статуа?

Астон Вила заслужено со 1-2 го совлада Лидс Јунајтед на гости после пресврт со двата гола на Морган Роџерс од кои едниот прекрасен од слободен удар. Во стилот на Кристијано Роналдо со префрлање на живиот ѕид на средина. Францускиот голман Лукас Пери не мрдна.

Како Јокиќ играше одбрана за да изнуди фаул?

Денвер Нагетс има 12 победи и 4 порази досега по старт на сезоната, а неочекувано изгубија во неделата од Сакраменто Кингс 128:123. Никола Јокиќ залудно постигна 44 поени и имаше 13 скока со 7 асистенции кога на крај Нагетс изгуби. Расел Вестбрук доскорешниот кошаркар на Денвер постигна 21 поен со 11 асистенции и со Денис Шрудер беше најефикасен кај Сакраменто Кинс. Јокиќ во еден момент играше пресинг одбрана над Дру Еубенкс.

Фудбалот во САД оди на европски календар

Клубовите од МЛС лигата во САД изгласаа епохална промена во однос на тамошниот фудбал. Од 2027-ма година најсилната фудбалска лига во САД ќе започнува на средина на јули и ќе завршува во мај (заклучно со доигрувањето за титулата).

Срамен почесен шпалир во Аргентина за Ди Марија и Росарио

Аргентинскиот фудбалски сојуз среде сезона предизвика бурна реакција во нивната земја откако воведе таканаречена шампионска титула по крајот на основниот дел на првенството Клаузура.

Голот на Пулишиќ кој го реши дербито Интер - Милан

Градските ривали Интер и Милан одиграа супер интересно дерби кое на крајот им припадна на росонерите. Кристијан Пулишиќ во 54' минута постигна гол со кој на Милан му донесе три бода. Интер промаши пенал преку Хакан Чаланоглу.

Лео растур систем со гол и три асистенции

Интер Мајами го доби убедливо Синсинати со 4-0 во полуфиналето од плејофот на МЛС и обезбедија финале на Источната конференција. Во фокусот на мечот беше Меси кој направи хет-трик од асистенции, плус даде гол со глава, што е реткост. Аргентинецот е прв во историјата со 1.300 голови + асистении (896 гола и 404 асистенции). Роналдо има 1.213.

Шоу од 15 секунди со Дончиќ за кое зборува цела НБА

Лејкерси ја совладаа Јута Џез со 108-106, а Лука направи акција со која ќе ги победи сите конкуренти, во оние стандардни топ листи со атракции. Прво му ја украде на ветеранот Кевин Лав, тргна во контра, па му ја протна кроз нозе ко на фудбал и на крај следуваше јагодката на шлагот. Му намести цепелин на Џексон Хејс. Па нема појако.

Убав јубилеј за Елмас

„Дијаманд од 200 карати“ е насловот на клубот од Неапол, кој се однесува на кусата церемонија на доделување признание за Елиф Елмас, кој доби плакета со урамен дрес пред почетокот на мечот со Аталанта. Викендов го одигра 201-от настап за Наполи, за кој има истрчано 8.023 минути. Има 19 гола, 11 асистенции, Скудето и Куп на Италија. Честитки за Елиф. Да се множат.

Класата на Роналдо е вечна, на 40 години изведе спектакуларни ножички

Суперѕвездата на светскиот фудбал, дефинитивно им пркоси на годините. На полни 40 години (во февруари 41) направи акробација за најавни шпици и тоа во 96-та минута за конечни Ал Наср - Ал Калеја 4:1. Ова му е гол број 954.

Кардиологот и хималаист Сашко Кедев одликуван со орден „8-ми септември“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со највисок орден „8-ми септември“, за особени засулуги во медицината, за исклучителните образовни и научни успеси, за активно учество во развојот на македонската демократија.

Евроголови на дербито Фиорентина - Јувентус

Во дербито во Фиренца, 195-ти меѓусебен дуел во историјата Фиорентина е домаќин на Јувентус. На истекот на првиот дел во судиско продолжение Филип Костиќ постигна убав гол за гостите за 0-1 а на сам старт на вториот дел виолетовите израмнија со еврогол на Роландо Мандрагора од далечина.