Кој што прави, Собослаи дава прекрасни голови од слободен удар
Капитенот на Унгарија и лидер на Ливерпул Доминик Собослаи е единствена светла точка на „црвените“ од Енфилд Роуд во последно време. Тој синоќа постигна прекрасен гол против Тотенхем од слободен удар. Тоа беше негов петти погодок од слободен удар сезонава, а четврти во Премиер лига со што се искачи на листата на рекордери каде пред него се само Дејвид Бекам (2000-2001) и Лоран Робер (2001-2002) и двајцата со по 5 гола од слободен.
Интересно поранешниот фудбалер на Ред Бул Лајпциг го израмни клупскиот рекорд на Ливерпул кој го држеше Уругваецот Луис Суарез со 5 гола од слободен удар во една сезона. До крајот на актуелнава сезона Унгарецот би можел да постави нов рекорд.