Дете даде гол за Арсенал и стана најмлад стрелец во историјата на Премиер лига

Дете веројатно ја реши трката за шампионска титула во Премиер лига.

Арсенал долго време се мачеше со Евертон во 30. коло од Премиер лигата. Кога навивачите веќе се помирија со уште едно ново реми кое ќе ја отежни борбата за титулата, прво голманот на Евертон Џордан Пикфорд направи катастрофална проценка и практично му подари гол на Виктор Ѓекереш пред празна мрежа во 89' минута.

Во судиското продолжение голманот на Арсенал Давид Раја спаси чист гол на Евертон.

А во 90+7' минута и голманот Пикфорд тргна во противничкиот шеснаесетник, а на другата страна Арсенал ја освои топката, младиот Макс Дауман го претрча цел терен и се вшета во празниот гол на гостите за победа 2:0 и лудо славје на трибините!

Со 16 години и 73 дена Макс Дауман стана најмладиот стрелец на гол во историјата на англискиот фудбал. Досегашен рекордер беше Џејмс Вон кој постигна гол во Премиер лига на 16 години и 270 дена.

Малиот Макс Дауман е член на академијата на Арсенал уште од 2015 години. Досега одигра седум натпревари во сите турнири за Арсенал кај тренерот Микел Артета и важи за голем потенцијал.

Подоцна вечерта Манчестер Сити одигра само 1-1 против давеникот Вест Хем на гости па сега разликата на табела е +9 бода во корист на Арсенал кој има и натпревар повеќе од Сити.

15 март 2026 - 07:04