Дончиќ игра во животна форма, го спастри и Хјустон со Дурент

Лука Дончиќ одигра уште една МВП партија откако со 36 поени го предводеше ЛА Лејкерс до триумф во дербито против Хјустон Рокетс 100:92.

Лука Дончиќ постигна 36 поени со 6 скока и 4 асистенции и 2 украдени топки. Интересно шутираше слабо за три 4/12 а сега му недостасуваат уште 11 погодени тројки да го израмни рекордот на франшизата кој го држи Дианџело Расел со 226 уфрлени тројки во една сезона.

Дончиќ одигра шести натпревар по ред со 30+ поени. Од игра имаше 14/27. Ова беше и шеста победа за Лејекрс по ред а вкупно деветта од десет натпревари.

Натпреварот изобилуваше со промени во водство (дури 13 промени). Се играше тврдо со многу дуели па затоа и на крајот има евролигашки резултат на крајот.

Лука Дончиќ пред крајот на третиот период погоди две торјки по ред, ги доведе Лејкерс во водство 83:80 откако на паузата губеа со -6 (57-51).

До крајот двата тима се менуваа во водство а на крај Лејкерс ја однесе победата од Тексас. Леброн Џејмс уфрли 18 поени со пет скока и пет асистенции. Остин Ривс имаше удел со 15 поени а Смарт со 11. ЛА Лејкерс сега имаат учинок 43 победи и 25 порази.

Кај Рокетс кој играа без главниот играч Алперен Ѓенгун, Џабари Смит Џуниор запиша 22 поени а Амен Томпсон 19 поени. Кевин Дурент го заврши натпреварот со 18 поени и како да се вклопи во сивилото на неговиот состав кој имаше дури 24 изгубени топки за разлика од двојно помалку на Лејкерс (12). 

17 март 2026 - 09:13