Пирава да ви покаже нешто на вас „големите“

Терени по УЕФА стандарди, ВАР системи, донации во нови столчиња, најсовремени прскалици за хибридни тревници. Џабе сè на прволигашките терени кога публика нема ни за лек. Празни стадиони. Видете колку народ имало на третолигашкото дерби ФК Ударник Пирава против Победа Валандово

Повеќе од 1.500 души публика на средба од трета лига Исток. На натпревар од прва македонска фудбалска лига 1.500 души немало со години.

Победа Валандово е прва во групата, додека Ударник Пирава се наоѓа на втората позиција. Двете екипи водат борба за бараж за пласман во Втората лига. Натпреварот завршил без голови а посетата уште долго ќе се памети.

Секоја чест за организаторот на локалното дерби Ударник Пирава - Победа Валандово. Со возила од Брза помош, со редарска служба, со полиција, на ниво како што доликува:

 

 

16 март 2026 - 10:29