Offside

Во неверојатно драматичен натпревар кој само уште еднаш го потврди големиот квалитет на македонскиот клупски ракомет, РК Варадр 1961 со тешки маки го совлада Охрид 24-23 во салата „Младост“ во Струмица. Охриѓани се покажаа како тврд орев кој во иднина сигурно ќе се вмеша во борба за двата домашни пехари. Јака Малус од Вардар беше МВП на финалето.

Задржување време на индиски начин

Индија има 1:2 на гости против Таџикистан и добива слободен удар на истекот од 7 минута судиско продолжение, а ќе се играат 8. Значи има шанса за 1:3. Арно ама...

Блескаво деби на Жоао Феликс со хет-трик

Само 10 дена откако стрелаше на првиот меч за Ал Наср, во полуфиналето од Супер Купот на Саудиска Арабија, Жоао Феликс уште појако дебитираше во првенството. Даде три комада против Ал Тааун на гости, од кои два убави голови за конечни 0:5. Со гол дебитираше и другото големо засилување на Ал Наср, а тоа е Кингсли Коман од Баерн. Роналдо погоди од пенал.

Ѕверска игра на Јанис под кош

Грција ја совлада Италија 75:66 во нивниот прв меч на Европското. Јанис Адетокунбо беше во страшен елемент и едноставно незадржлив со 31 поен. Погледнете ја оваа доминација и тоа со потези само од првото полувреме.

Реакцијата на фудбалерите на Каират кога им се падна Реал

Во Лига на шампиони сезонава ќе гледаме три дебитанти: Пафос од Кипар, Бодо Глимт од Норвешка и Каират Алмати од Азербејџан. Се изнарадуваа за време на ждрепката, во моментот кога дознаа дека ќе играат против 15 кратниот европски првак.

Најдраматичниот меч поен кој ќе го видите на УС опен

Томи Пол и Нуно Боргес изрежираа луд финиш во петтиот сет од 2. коло на УС опен. Португалецот успеа да израмни на 2:2 после негативата од 2:0, но немаше одговор во оваа луда завршница во која повеќе среќа имаше Пол.

Шкендија ги дозна шесте противници, има патување во Шпанија

По елиминациите во Лига на шампиони и Лига Европа, македонскиот првак ќе игра во групната фаза во третото по ранг клупско европско натпреварување. Предизвикот е голем за тетовчани.

Циципас: Следен пат не се чуди кога ќе те удрам со топче, ок?

Стефанос Циципас се посрамоти уште во 2. коло на УС опен од Даниел Алтмајер, инаку 300-ти на АТП. Големиот фаворит го загуби мечот во 5 сета и тоа откако водеше 2:1. Гркот имаше забелешки од Германецот, поради начинот на кој сервирал во последниот сет, па фати да се расправа на и да му се заканува дека во следна прилика ќе го удира со топче.

Невесто паузирај свадбата, ќе се шутира пенал за историја

Каират стана втор клуб од Казахстан после Астана, кој успеа да влезе во Лига на шампиони. Тоа го стори на најстресен и драматичен начин, преку пенали во дуел со Селтик. По свадби се гледаа пеналите.

Шансата на Шкендија вредна Лига Европа

Шкендија не успеа да го одбрани триумфот од 2:1 против Лудогорец на домашен терен и загуби со 4:1 во продолженијата од реванш 3. квалификациско коло. Македонскиот првак беше готов да влезе во групи во Лига Европа и да го повтори историскиот успех на Вардар од пред осум години, но Фабрис Тамба кој стрелаше за конечни 2:1 во регуларните 90 минути, се претвори во трагичар. Излезе пред голман и тоа во финишот од средбата, но не успеа да реализира.

Пукна сензација на Европското, Грузија го сруши европскиот првак

Уште во првото коло од групата Ц се случи големо изненадување на Евробаскетот. Поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ слави голема победа над Шпанија.

Охрид му се поклони на Марко Пејчиновски, Ајронмен триатлонот е успешно завршен

Со огромна посветеност и неверојатна физичка сила и ментална издржливост, Марко го реализираше неверојатниот подвиг кој траеше речиси цело деноноќие. Мрак го фати на пристаништето во Охрид.

Која црна тактика бе другар, четврта лига се

Како што стојат работиве и Рубен Аморим го чека иста судбина како неговите претходници, кои брзо беа бркани од Олд Трафорд. 10-ти тренер е во последниве 12 години. Што ли црташе на таблата против тим кој се вика Гримзби Таун? 5:0 со втор тим треба да ги тепаш. Без никаква тактика.

И на голманот на Гримзби му е глупо, за Манчестер навива

„Јас сум навивач на Манчестер Јунајтед и во себе сум полубесен за ова што се случи. Ова е една од оние ноќи поради кои сакаме да играме фудбал. Сè уште не сум свесен што направивме“, рече Кристи Пим, еден од хероите на четвртолигашот кој го елиминираше славниот премиерлигаш.

Седум години од чудесниот подвиг на 12 годишниот Марко

На бранови, со силен северен ветер и на само 12 години, Марко Пејчиновски на денешен ден, на празникот Голема Богородица, во 2018-та, успеа да го преплива Охридското езеро и да стане прв охриѓанец кој го сторил тоа по пауза од 50 години. Згора на сè и после инфаркт на колкот кој го доживеал претходно при операција на тестиси. Веста одекна и во регионалните медиуми кои го нарекоа супер херој.

Светска бламажа на Манчестер Јунајтед со четвртолигаш

Манчестер Јунајтед е дно дна од клуб по заминувањето на Сер Алекс Фергусон. Кога ќе помислите дека не можат полошо, тие сепак можат. Елиминирани се во Куп од клубче вредно 3,1 милиони евра.

Време е за европски спектакл со Јокиќ, Дончиќ и Адетокунбо

Кипар, Финска, Летонија и Полска ја имаат честа да го организираат 42. Европско кошаркарско првенство. Ќе учествуваат 28 НБА ѕвезди. Србите се фаворити за златото.

Врвен мајтап на Кари Пешиќ

Поранешниот српски репрезентативец Владимир Штимац и Светислав Пешиќ држат прес, кој за еден миг стариот лисец го претвора во хумор на кој се смее цела прес сала. Кога наш селектор или тренер, сеедно, ќе ги изнасмее вака новинарите?

Марко Пејчиновски најавува нов подвиг наречен Ајронмен Триатлон

Храбриот Марко кој на само 12 години направи невидена сензација откако во 2018-та го преплива Охридското езеро, не е застанат со авантури. На 28 август, на празникот Голема Богородица ќе настапи со триатлон од 107 километри, кој се состои од: трчање (Св.Наум - Струга), возење велосипед (Струга - Св.Наум), и на крај пливање (Св.Наум - Охрид). Да му посакаме среќа.

Шансата во 86-та минута вредна ЛШ, им ѕвони во глава на Селтик

55 кратниот првак на Шкотска се соочи со болна елиминација во 3. квалификациско коло од ЛШ, од Каират Алмати од Казахстан и тоа на пенали. Ќе жалат многу, затоа што во финишот од средбата испуштија златна шанса за пласман во групата и пари во касата. Но, Даизен Маеда ја уплеска кога најмалку требаше.

Индирект од 5 метри против 10 души на гол

Каспер Шмајхел се најде во незавидна ситуација на мечот против Каират синоќа. Мораше да ја фати со рака на вратена со нога, иако не смееше, но во спротивно ќе примеше гол. Потоа се знае што се прави во вакви ситуации. Гужва пред гол.

Од кај го извади лобов бе мајсторе?

Две голчишта објавивме утринава и двете со несекојдневни и неочекувани лоб удари, кои тешко дека може да ги предвидат голманите. Прво Жажа од Пафос против Ѕвезда, гол вреден ЛШ, а сега Рајан Харди од англискиот второлигаш Рексам на дуелот против Престон од Карабао Купот, кој го добија со 2:3.

Кахастанските коментатори ги прегореа грлата за пласманот во ЛШ

Каират стана втор клуб од Казахстан после Астана во сезоната 2015/2016, кој успеа да влезе во Лига на шампиони. Тоа го стори на најстресен и драматичен начин, преку пенали во дуел со Селтик. Коментаторите ќе треба да земат неколку слободни денови.

Црвена Ѕвезда остана без ЛШ со чудесија од гол во 89-та минута

Во новата сезона од Лига на шампиони ќе ги гледаме Пафос, Бодо Глимт и Каират, сите три екипи дебитанти во најелитното клупско европско натпреварување.

Кога ќе ја наполниш со Бекам на ПЕС

Плејстејшнот во Европа стигна 1995-та или една година откако го извадија Јапонците. Никогаш нема да разберат новиве тик-ток генерации, која радост беше кога се собиравме после часови дома, кај оној што го имаше овој драгоцен уред.