Комедија на вечерта во НБА - му лепеше „банана“ со патика

Оклахома Сити Тандер го совлада Орландо Меџик 113:108 на крилјата на неверојатниот Шаи Гилџес-Александер кој уфрли 40 поени и беше најзаслужен за 54-ти триумф сезонава на апсолутниот лидер во НБА. На овој натпревар имаше бизарна сцена кога Алекс Карузо од Оклахома остана без патика при една одбрана па кога Тристан да Силва тргна накај обрачот, овој го блокираше со патката. Судиите му досудија техничка грешка и му ги признаа поените на Да Силва.

18 март 2026 - 11:35