На Њукасл му се падна седмица на Камп Ноу

Фудбалерите на Барселона приредија спектакл во реванш осминафиналето од ЛШ. По оние 1:1 на гости, го разбија Њукасл со 7:2, полувреме 3:2. Рафиња и Левандовски стрелаа по два пати, Јамал, Лопез и Бернал по еднаш. Во четвртфинале ќе играат со победникот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид или Тотенхем.

18 март 2026 - 21:47