- Легендарниот италијански тренер кој стана селектор на Бразил, синоќа објави список на фудбалери на кои смета за претстојните пријателски средби со Франција на 26-ти март во Бостон и со Хрватска на 1-ви април во Орландо.
- На списокот го нема Нејмар за кого Анчелоти објаснил дека не го повикал зошто не е 100% спремен физички. Повикани се двајца нови дебитанти, младите Рајан од Борнмут (крилен напаѓач) и најголемото изненадување во Премиер лигата Игор Тиаго од Брентфорд кој постигна 19 гола во Премиер лига и е втор стрелец во Англија.
- После подолго време е повикан и Ендрик кој блеска во Лион каде игра како позајмен од Реал Мадрид.
- „Вознемирен сум, тажен, затоа што не добив повик. Но фокусот останува ден за ден, тренинг по тренинг, натпревар по натпревар“, изјавил Нејмар. „Има уште еден, конечен список пред почетокот на Светското првенство, па сонот уште е жив“.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.