Фудбалер на Фиорентина колабираше на терен, јавноста преплашена

Потресни сцени се случуваа на мечот Фиорентина - Интер во вечерниот термин од 14. коло во италијанската Серија А. Младиот фудбалер Едоардо Бове се сруши на теренот и итно беше префрлен во болницата. За среќа брзо се повратил и самостојно дишел.

На непријатната сцена и претходеше гол на Аргентинецот Лаутаро Мартинез кој му беше поништен поради претходен аут. Додека главниот судија се консултираше со ВАР собата и прегледуваше ВАР снимка Едуардо Бове падна на теренот.

Играчите и лекарите брзо се растрчаа во шок а набрзо тој беше изнесен со амбулантно возило. Натпреварот беше моментално прекинат.

Токму во Фиренца се посебно чувствителни на вакви настани затоа што пред шест година некогашниот капитен на екипата и сакан од навивачите Давиде Астори почина на 32 години во хотелска соба додека беше во карантино со тимот.

Овие немили сцени ја обиколија цела Европа која веќе се потресуваше од слични настани на фудбалски терени, особено во последно време.

За среќа од Фиорентина соопштија дека сосојбата со младиот Едуардо Бове е стабилна, дека тој е на интензивна нега и не е сериозно.

22-годишниот Бове е фудбалер од среден ред позајмен во Фиорентина од Рома. Настапуваше и за Италија У-21.

Неколку часа подоцна се огласи и Фиорентина со заедничко соопштение со Универзитетската клиника во градот Фиренца.

„Фиорентина и Универзитетската болница Кареги објавуваат дека Едоардо Бове кој изгуби свест на теренот за време на натпреварот Фиорентина - Интер во моментов е на интензивна нега. Итно е примен играч на Фиорентина, а првите кардиолошки и невролошки тестови отфрлија актуни оштетувања на централниот нервен систен и на кардио-респираторниот систем. Бове повторно ќе биде тестиран во наредните 24 часа“, пишува во соопштението.

2 декември 2024 - 09:08