Сенегалците во големото финале на Куп на Африкански нации во Рабат, против домаќинот Мароко славеа голема победа после гол во продолженија откако претходно го напуштија теренот па се вратија по неколку контроверзни судиски одлуки. Сенегал реши да се повлече накратко од теренот во финишот на мечот. „Лавовите“ во знак на револот поради тоа што прво им се поништи гол, па после на Мароко му доделија неоснован пенал, излегоа од терен.
Ги врати капитенот Садио Мане и тоа се испостави како одлична одлука зошто голманот Едуар Менди го одбрани пеналот. Сенегалците после тоа дадоа гол во продолженија и славеа шампионска титула среде Мароко.
Невидена драма во финале на Африкански Куп на нации
Сега 58 дена после тоа финале Конфедерацијата на африкански фудбал (КАФ) соопшти дека му ја одзема титулата на Сенегал и дека му ја доделува на Мароко.
„Одборот за жалби на КАФ одлучи со примена на членот 84 од правилникот на Африканскиот Куп на нации, дека репрезентацијата на Сенегал го предал финалниот натпревар при што резултатот се регистрира со службен резултат 3:0 во корист на Фудбалскиот сојуз на Мароко“, сооштија од КАФ.
Оваа одлука е донесена поради „сериозни прекршоци“ велат од КАФ.
Од Африканската фудбалска конфедерација го казниле и селекторот на Папе Тјо со суспензија и парично а парично се казнети и фудбалерите Илиман Ндијае и Исмаила Сар. Фудбалскиот сојуз на Сенегал ќе мора да плати астрономски 615.000 долари. Мароко е симболично казнет за опструирање и слаба организација со 150.000 долари.
Што би рекол Дидие Дрогба во камера: „Факинг дисгрејс“ или
„Срамота!“.