Циркузот со пешкирите и резервниот голман на Сенегал

Она што се случуваше во големото финале на Купот на Африкански нации меѓу Мароко и Сенегал уште долго ќе се раскажува како нешто што никаде и никогаш не било видено. Просто човек не може да поверува што се имаше на тој натпревар кој на крај во продолженија го доби Сенегал 0-1 откако Мароко промаши пенал. А епизодата со пешкирот беше срамна.

Најскандалозен од сите скандалозни моменти во финалето беше епизодата кога група млади деца задолжени за собирање топки тргнаа да му го украдат пешкирот на голманот на Сенегал Едуар Менди додека овој бранеше на голот.

При силен дожд, голманите често се бришат и себе и ракавиците и топката со цел да не им лизне и да направат кикс. Очигледно инструирани од својот стручен штаб, децата се дрзнаа да го крадат пешкирот но резервниот голман на Сенегал Јехван Диуф не го пушташе.

Среде финале среде голем натпревар додека фудбал се играше на теренот, прво марокански деца а после и официјални лица во одела го дрпаа пешкирот на Менди но неговата резерва Диуф не го пушташе.

Додека децата како хиени го влечеа пешкирот, редарите од страна мирно набљудуваа и не реагираа што само по себе кажува дека сè било договорено.

ФИФА уште не се огласи по овој повод а капитенот на Мароко Ашраф Хакими застанал во одбрана на децата.

После натпреварот јунакот Јеван Диуф се сликал со златниот медал и со пешкирот. Тој станал херој во својата земја:

Невидена драма во финале на Африкански Куп на нации

20 јануари 2026 - 09:42