Невидена драма во финале на Африкански Куп на нации

Репрезентацијата на Сенегал го совлада домаќинот Мароко 1:0 (0:0) во големото финале на 35. издание на Купот на Африкански нации. Натпреварот го следеше драма во финишот кога Сенегалците се повлекоа од терен па капитенот ги враќаше.

Сенегал е шампион на Африка. Ја освоија третата шампионска титула во пет години благодарение на голот на Папе Геј во четвртата минута од првото продолжение откако во основниот дел немаше голови.

Ова финале ќе се памети уште долго зошто траеше точно три часа!

Мароканците кои беа домаќини и фаворити за титулата, носени од фудбалерот на Реал Мадрид Брахим Дијаз, на крајот изгубија токму поради промашен пенал на лидерот.

Во 23' минута од продолжението на основниот дел (да, 23 минути беше продолжен натпреварот од главниот судија) Брахим Дијаз промаши пенал. 

Лудо се реши да изведе паненка но искусниот голман Едуар Менди го сочека и му ја фати топката. Само неколку минути подоцна во првото продолжение Геј сурово го казни Мароко среде Рабат пред повеќе од 50.000 марокански навивачи.

Сенегалците тогаш револтирани од неправедно досудедниот пенал, решија да се повлечат во соблекувалните па нивниот капитен Садио Мане неколку минути ги убедуваше да се вратат на терен.

Прекрасниот гол на Геј во продолжение за шампионска титула:

Славјето на Сенегалците:

18 јануари 2026 - 23:09