Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Нико Паз „го исчаши“ Лаутаро Мартинез

Интер го совлада Комо 4:0. Меѓу стрелците беше и Лаутаро Мартинез. Но, внимавајте добро на овој аргентински дуел. Ортопед да го прегледа треба.

Бомбастичен еврогол на Рабио, спектакуларен пресврт на Милан

Фудбалерите на Милан успеаа да ја сочуваат лидерската позиција во Серија А, во друшто на Наполи, откако се изборија за фантастичен кам бек во Торино. До 17 минута губеа 2:0, но Рабио опасно одговори со проектил, а воедно и деби гол на Милан. Пулишиќ во второ скроз ја сврте со два комада за конечни 2:3.

Хулк одлепи од слободен удар, ФИФА мисли му ја

Атлетико Минеиро ја декласираше Васко да Гама со 5:0. Хулк даде голчиште кое ќе се памети и ќе се врти, а може да влезе и во конкуренција за следното издание на Пушкаш. Бразилецот и на 39 години го држи топот во нозете. 

Најлудата акробација на колото падна во Швајцарија

Брајтон Лабо од Тун на мечот против Луцерн, постигна гол кој се случува еднаш во кариерата. Ова не се повторува ниту на тренинг.

Наполи го преслуша Јувентус, 90 минути фудбал за Елиф Елмас

Наполи го забележа третиот триумф по ред откако синоќа со 2-1 го совлада Јувентус во дербито на колото во Серија А. Стрелец на два гола и игра на мечот беше Данецот Расмус Хојлунд а погодокот за Јувентус го постигна Кенан Јилдиз. Наполи со оваа победа е прва на табела во Серија А бодовна предност пред Милан кој својот натпревар го игра вечерва.

Селта Виго со шмекерски голови го совлада Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа прв пораз на својот „Сантијаго Бернабеу“ сезонава откако Селта Виго во 15. коло од Ла Лига ги совлада „кралевите“ со 0-2 и им одржа права мала фудбалска лекција. Ова е прв триумф на Селта на култниот стадион после повеќе од 19 години! Селта славеше со головите на 21-годишниот Вилот Сведберг во 53' минута кој постигна спектакуларен погодок а истиот играч погоди и во судиското надополнување. Од 65-та минута домаќините играа со играч помалку откако беше исклучен Фран Гарсија а црвен во 90+3' минута доби и Алваро Карерас па Реал го заврши мечот со 9 играчи.

Ландо Норис е нов шампион во Формула 1

Одличниот возач на Мекларен, Ландо Норис ја освои шампионската титула во Формула 1 откако го освои третото место на трката за Големата награда на Абу Даби со која се заврши сезоната а Британецот освои доволен број бодови за да ја сочува лидерската позиција.

Историја во МЛС, Интер Мајами ја слави првата шампионска титула

Проектот на Дејвид Бекам кулминираше. Интер Мајами е првак во МЛС лигата за прв пат од своето формирање. Во финале беше подобар од Ванкувер со 3:1, каде игра Томас Милер. Окампо го отвори резултатот со автогол, Ахмед израмни на 1:1, а победата ја запечатија Де Пол и Аленде. Две асистенции на Меси, кој стана рекордер со 48 трофеи во кариерата.

Миовски блесна за Ренџерс со два гола

Македонскиот репрезентативец им одговори на критичарите во Шкотска, со два комада против Килмарнок на гости, во 15. коло од првенството. Глазгов Ренџерс славеше 0:3, а Миовски одигра одлична партија и стрелаше во 33-та и 54-та минута. Ова му се први голови во шампионатот после еден месец. Деби голот го постигна на 5 октомври против Фалкирк, а има и еден погодок во Лига Купот.

Страшен кам бек на Денвер од -23, доминација на Јокиќ со 40 поени

Со Јокиќ не се излегува на крај. Атланта и при водство од 71:48, не успеа да ги победи Денвер, кои го направија третиот најдобар пресврт во својата историја за 9-та победа над Хокс, на последните 10 нивни соочувања. 40 поени, 9 скока и 8 асистенции на Јокиќ од кои 30 во второто полувреме.

Како помина ждрепката за Светско со Робин Вилијамс?

На минатиот Мундијал во САД 1994, гостин на церемонијата на извлекувањето на групите беше Робин Вилијамс. Како помина? Во негов стил, со триста мајтапи. Генијалецот го украде шоуто, измејувајќи го Сеп Блатер во фаца. ФИФА ко ФИФА, никогаш повеќе не покани комичар на сцена.

Познати се трите противници на Македонија на СП 2026, ако го помине баражот

Во „Центарот Кенеди“ во Вашингтон, денеска беа извлечени групите за Мундијалот кој стартува на 11 јуни.

Сергеј мангупиште, се измеша на Олимпико меѓу ултрасите

Српската фудбалска ѕвезда направи големо изненадување на мечот меѓу Милан и Лацио. Се појави на стадион, ама како навивач, а не во ВИП ложа. Каков потег.

Проектилот на Фитиљ во топ 5 голови на колото

ЕХФ ја скоцка топ листата на 5 најатрактавни голови на колото во Лига на шампиони. На нејзе се најде и бомбата на Кузмановски од мечот против Загреб. Битолчанецот се најде во друштво на Расмусен од ГОГ Гудме, Луис Фраде од Барселона, Магнус Сондена од Колстад и Тим Хорнке од Магдебург.

Емоции за Жељко до солзи

Навивачите на Партизан не можат да се помират со заминувањето на Жељко Обрадовиќ. Погледнете ги видеава. Kако неговиот „дух” да уште е во салата. Партизан под водство на Мирко Оцоколиќ, го совлада Баерн Минхен со 92:85 во 14. коло од Евролигата. Но, сè мина во знакот на легендата со 9 европски титули. Меѓу навивачите беше и секогаш присутното девојче, кое не пропушта меч на својот омилен тим и кое беше и на пречекот на аеродром. Солзи лееше од тага за Жељко.

Србинка задржуваше време во ракомет на Светско и поради нејзе не победија

Кога последен пат сте виделе некој да задржува време во ракомет, ама на ваков необјаснив начин? На Светското ракометно првенство, селекцијата на Србија остана без победа против Фарски Острови, поради кикс на Јована Јововиќ, на кој се изначуди и коментаторот. На 15 секунди до крај, при водство од +1, имаше зицер за да ја запечати победата со два гола предност. Но, таа од нејасни причини почна времето да го троши и скапо го плати цехот. Судиите со ВАР одлучија да и дадат црвен и да досудат седмерец за Фарски Острови кои дадоа гол за конечни 31:31.

Несреќен автогол на Серафимов на градското дерби

Левски загуби од Славија Софија со 2:0 во 18. коло од бугарскиот шампионат, а Никола Серафимов си даде автогол во 90-та минута, со што го запечати поразот на својот тим. Тој и натаму е прв на табела со Левски, за кој потпиша летово, на +5 пред второпласираната ЦСКА Софија.

Гроздановски заминува од репрезентација: Боби е најдобриот тренер во Македонија

По завршувањето на договорот на Боби Милевски, од македонската репрезентација заминува и неговиот помошник Влатко Гроздановски.

Столе јунак фати пенал во 119-та минута, Валенсија победи во 121-ва

Фудбалерите на Валенсија се изнамачија на гостувањето против третолигашот Картагена. Столе Димитриевски му покажа на тренерот, зошто не е голман за на клупа.

Последен пат во живот шутирам пенал

Дал да го жалиш и да му дадеш уште една шанса или да го решиш со доживотна забрана за удари од 11 метри.

Адидас ќе ја облекува Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија во март ја чекаат тешки бараж дуели за пласман на Светско првенство 2026. Од фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопштија дека откако завршила соработката со производителот на опрема „Јако“, потпишан е договор со светски познатиот бренд Адидас кој во иднина ќе ги облекува сите фудбалски селекции на Македонија во различни возрасни категории.

Страшните бројки на Мбапе кој игра врвно сезонава

Нема лек за Килијан. Синоќа до толку исфрустрира играч на Атлетик Билбао, кој од што не можеше да се помири што му ја протна така лежерно низ нозе, го бутна како на голем одмор во школо.

Што направи бе мајсторе?

За време на дуелот меѓу Радник Бјелина и Борац Бањалука линиските судија Горан Иличиќ во еден момент толку се залетал што на калливиот терен не можел да се задржи и паднал.

Триото на Денвер испиша нова НБА историја

Мареј одигра страшен натпревар против Индијана со 52 поени, а тоа донесе нов, до сега невиден податок кај деталните НБА статистичари. За прв пат во историјата, тројца играчи од ист тим постигнуваат минимум 50 поени после првите 21 натпревари од сезоната. Серијата ја почна Гордон на 23 октомври со 50 поени против Голден Стејт Вориорс, ја продолжи Јокиќ со 55 поени против Лос Анџелес Клиперс, а ноќеска ја заокружи Мареј со 52 против Индијана Пејсерс.