Чешка обезбеди пласман во финале на бараж откако синоќа едвај ја победи Ирска на пенали 4-3 во Прага. Ирците водеа со убедливи 0-2 уште во 23' минута по головите на Трој Парот од пенал и автоголот на Матеј Ковар. Чесите намалија 1-2 од пенал преку Патрик Шик а Ладислав Крејчл во 86-та израмни на 2-2. На пенали домаќините ја однесоа победата и сега во вторник на исто место ќе ја чекаат Данска.