Фудбалерите на Италија лесно ја завршија својата задача откако со 2-0 ја совладаа Северна Ирска во Бергамо во полуфинале од баражот за Светско 2026. Им остана време и да ги следат пеналите на дуелот Велс - БиХ во Кардиф каде славеа гостите. Аѕурите се радуваа на ваквиот исход зошто според нив Босна и Херцеговина во Зеница ќе биде полесен ривал отколку Велс во Кардиф.