Дијамантот Џеко ја носи БиХ во финале, селекторот плачеше после драмата на пенали

Босна и Херцеговина направи голем подвиг откако на гостински терен во Кардиф го совлада Велс на пенали во полуфинале на баражот за Светско првенство 2026. Резултатот беше 1-1 во основниот дел кога Един Џеко израмни дури во 87' минута па после продолженијата стигнаа пенали. БиХ славеше во пенал серијата 2-4. Селекторот Сергеј Барбарез кој некогаш беше капитен на БиХ и голема легенда, плачеше во прегратка на своите синови.

Џеко постигна прекрасен гол со глава по лоша проценка на голманот на Велс од Лидс Јунајтед, Дарлоу. Следуваше голема радост на играчите и навивачите на БиХ:

Пенал серијата сепак почна лошо по БиХ. Прво шпицот на Штутгарт Демировиќ промаши пенал но на крајот од третата серија Бренан Џонсон го префрли цел гол па Велс и Босна и Херцеговина беа израмнети. Прво погоди Хаџиахметовиќ а потоа голманот на БиХ Васиљ му одбрани пенал на Неко Вилијамс а Алајбеговиќ стави крај со гол за 2-4:

Барбарез плачеше од среќа:

БиХ во финале сега ја пречекува Италија во Зеница пред своите навивачи во вторник вечер од 20:45.

Останати парови од финале на бараж: Шведска - Полска (31 март, 20:45), Чешка - Данска (31 март 20:45).

27 март 2026 - 08:14