Бразилците изгубија од Франција, навивачите го бараа Нејмар од Анчелоти

Во класикот на светскиот фудбал, синоќа на стадионот „Жилет“ во Фоксборо близу Бостон каде ќе се играат натпревари од Светско првенство летово, Франција со 2-1 го совлада Бразил. Стрелци на головите беа Килијан Мбапе во 32-ра и Уго Екитике во 65-та минута. За Бразил единствениот погодок го даде стоперот на Јувентус Желсон Бремер. Навивачите на Бразил од трибините скандира „Оле, оле, оле Нејмар, Нејмар“, а пред мечот Мбапе рече дека Светското нема да биде Светско без Неј.

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти пред американската турнеја не го стави Нејмар на списокот и кажа дека тој не е 100% спремен. Неј одговори дека е разочаран и дека има време до Светското за да се подготови.

Головите од натпреварот Бразил - Франција 1-2:

 

 

27 март 2026 - 11:23